Државниот совет ја поништи одлуката за гаснење на ЕРТ
Објавено во: Балкан 18 Јуни, 2013
Државниот совет во Грција , вчера вечер ја поништи владината одлука за гаснење на државната телевизија и радио ЕРТ, која претходно премиерот Антонис Самарас ја нарече мерка на штедење.
Државниот совет истовремено и наложи на ЕРТ да продолжи со емитување на програма додека не биде реализирана одлуката на владата да се формира нов национален емитер, пренесе ДПА.
Одлуката на Државниот совет е соопштена во време кога Самарас одржуваше итен состанок со коалиционите партнери, кои инсистираат да се повлече одлуката за гасење на државната телевизија и радио.
Пресудата на Државниот совет можеби го спречи и падот на грчката влада, затоа што ПАСОК и Демократската левица најавија излегување од владата доколку Самарас не ја повлече одлуката која наиде на општа осуда, не само во Грција.
Апел до Самарас да ја укине одлуката упати и Европската радиотелевизиска унија (ЕБУ), која на вработените во ЕРТ им овозможи и покрај забраната да емитуваат 24-часовна програма.
Напорите за зачувување на грчката државна телевизија ЕРТ предизвикаа дипломатска интервенција во Израел, откако премиерот Андонис Самарас побара помош од грчкиот амбасадор во Тел Авив.
Официјални лица во Атина потврдуваат дека амбасадорот на Грција во Израел, Спирос Ламбринис, имал разговори со израелската влада, откако стана јасно дека РРсат, приватна локална компанија која има договор со Европската унија за радиодифузија, продолжува да зрачи со сигналот на ЕРТ преку свои кооперанти во Грција.
„Амбасадорот врачил на одговорните власти писмо од министерот за финансии на Грција, Јанис Стурнарас, во кое се објаснува новата ситуација во Грција и се појаснува дека Министерството за економија во моментов е вистинскиот наследник на ЕРТ. Тој не е поставил разграничувачка линија, но тоа е многу непријатна ситуација“, изјавил анонимен извор,пренесе „Нет Прес“.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.