25 Април, 2024
0.0308

ПРОФ. Д - Р РАТКО ДУЕВ, КАНДИДАТ ЗА РЕКТОР НА УКИМ

Дуев: Да избереме ректор на УКИМ, а не ректор на Ректоратот

Објавено во: Интервјуа 29 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Капитални инвестиции за градежни работи и опрема, ревидирање на распределбата на износот од 5% (околу 100 илјади евра) од приходот на меѓународните проекти наменет за администрирање од страна на Ректоратот во соработка со Ректорската управа и Сенатот на УКИМ. Капитални инвестиции, привлекување и стипендирање на најдобрите средношколци за студирање на УКИМ, обезбедување административна поддршка за аплицирање на проекти и обуки за подготовка на голем дел од наставниците самостојно да можат да аплицираат на разни програми, ова се само дел клучните приоритети на професорот Дуев, во трката за ректор на УКИМ. Дуев смета дека кампањата во најголем дел помина фер, иако поединци се обидуваа(т) на неприсотен начин да фрлат дамка, што секако е далеку од академско ниво. 

Професоре Дуев, зошто се решивте да влезете во трка за ректор на најстариот и најголем универзитет во земјава, УКИМ, Скопје?

Дуев: Главниот мотив да се кандидрам за ректор на УКИМ, е кончено да избереме менаџмент кој ќе биде во функција на универзитетот, на сите единици, факултети, институти, а не ректорот да биде во функција на ректоратот. Губењето на финансиската и кадровската автономија, честите законски измени, нивната несинхронизација со Законот за високо образование го парализираа функционирањето на најстариот Универзитет во нашата држава. 

Изборите се во вторник на 30 мај, 2023 година, кои се клучните приоритети во вашата програма?

Дуев: Програмата ми е концепирана на реална основа со неколку столбови, кои се од исклучително значење за развојот на УКИМ. Капитални инвестиции за градежни работи и опрема, ревидирање на распределбата на износот од 5% од приходот на меѓународните проекти наменет за администрирање од страна на Ректоратот во соработка со Ректорската управа и Сенатот на УКИМ. Привлекување и стипендирање на најдобрите средношколци за студирање на УКИМ. Обезбедување административна поддршка за аплицирање на проекти и обуки за подготовка на голем дел од наставниците самостојно да можат да аплицираат на разни програми, кампања за подигнување на општествената одговорност и донации, поврзување со стопанството за заедничко креирање студиски програми и создавање кадар подготвен за потребите на компаниите, електронски библиотеки на научни публикации, унапредување на иновациите во научноистражувачката работа на УКИМ. Зголемување на предвидените средства за стимулација на наставниците за изработка на програми на англиски јазик и административна поддршка при изготвување и акредитација на програмите, зголемување на интернационализацијата на УКИМ, барање решенија за итно вработување на нови наставници и соработници. Подобрување на инфраструктурата за студентите со попреченост, зголемување на поддршката на спортски и културни активности на студентите.

Еден од најгорливите проблеми во моментот се чини, а судејќи и по реакциите на професорите, се платите?

Дуев: Платите на професорите на УКИМ се под секое ниво. Тоа, меѓудругото е и една од прочината зашто е тешко да задржите млади паметни умови не само на УКИМ, туку и во државата. Ова прашање го решаваме ургентно. Приходите и платите на професорите и вработените во администрацијата останува најголем проблем во нашето општество. Во останатите степени на образованието, од 2006 г. до 2022 г. платите на вработените беа покачени за 85%, а во високото образование за наставниот кадар 27% и 12% за администрацијата. Синдикалните организации направија чекор кон решавање на овој проблем, но сè уште не се решени проблемите со финансирање. Ниските примања ги направија работните места неaтрактивни за нашите талентирани студенти. Голем дел од вработените асистенти и вработени во администрацијата поради повисоки плати преминаа да работат во други институции и компании. Надеж дава потпишаниот Kолективен договор на Синдикатот на УКИМ кој треба да се применува од 2024 г. На секој иден ректор приориотет во работата мора да му биде решавање на овој проблем, бидејќи во спротивно Универзитетот ќе се соочи со постепено губење на човечкиот ресурс и негово згаснување.

Како да се подобри рејтингот на УКИМ на светските листи на универзитети?

Дуев: Ако ги анализирате многубројните проблеми со кои се соочува Универзитетот во своето функционирање и добро сме рангирани. Нема инвестиции во науката, нема капитални инвестиции за обновување на старите згради и современа научна инфраструктура, ниски плати, нема поддршка за издавање на научни публикации. Главниот проблем е недостигот од млад научен кадар. За споредба на Универзитетот во Белград, кој е рангиран меѓу првите 500 на Шангајската листа на универзитети во светот, само на Филозофскиот факултет во Белград, покрај постојните 255 наставници и соработници, во последните 4 години се вработени 143 млади истражувачи. Секако бројот на вработени кои се вклучени во научноистражувачка работа пропорционално се одразува и на рангирањето на светските листи. Исто така и многуте законски пречки кои го „задушуваат“ слободниот проток на иновации, идеите, академската размена, влијаат на овој негативен тренд. Затоа треба да изградиме систем кој ќе ја „ослободи“ научноистражувачката дејност на професорите, бидејќи инвестицијата во науката многукратно ќе и се врати на државата. Најмногу поени во рангирањето носи бројот на професори добитници на Нобеловата награда. Дали ние имаме најсовремена научна инфраструктира и услови да создадеме научник или уметник достоен за Нобелова награда?

Како сте задоволни од кампањата досега?

Дуев: Сооглед на променетиот начин на изборите за ректор, сега имаме непосредни избори, каде гласа секој професор.Кампањата помина во фер атмосфера, дебатите исто така, иако евидентно е дека поединци се обидоа да ја злоупотребат кампањата, на некои од дебатите користеа неприсоен вокабулар и уште повеќе што се обидоа да го спуштат академското ниво.  

Која е пораката до вашите колеги кои ќе гласаат во вторник на 30 - ти мај?

Дуев: Ги повикувам сите колеги на 30 мај, да излезат и да гласаат слободно по сопствено убедување и дека е време да избереме ректор на УКИМ, а не на ректоратот. Нека победи најдобриот.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“