ДУИ и коалицијата реагираат: Синоќешната прослава на Албанците беше ограничена во Скопје
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2025 12:49
Коаицијата Националната алијанса за интеграција (НАИ) предводена од ДУИ реагира дека можноста синоќа да се прослави фудбалската победа на Албанија против Србија била територијално ограничена од полицијата во Скопје.
Коалицијата Национална алијанса за интеграција (АКИ), преку соопштение, како што се вели, „изразува длабока загриженост и негодување поради скандалозната акција на Министерството за внатрешни работи, која синоќа го ограничи движењето на албанските граѓани во Скопје за време на прославите за историската победа на албанската репрезентација над Србија“.
Според нив, ваква акција не се памети да се случила од 2001 година и претставува опасен преседан за демократијата и основните права на граѓаните да се изразуваат и да слават слободно, мирно и достоинствено.
„Ограничувањето на прославите само на мостовите „Гоце Делчев“ и „Камен мост“, практично до „Мавровка“, е отворена етничка поделба на главниот град и понижување за Албанците во Скопјe. Овој чин го лишува Скопјe од неговиот имиџ на мултиетничност и го претвора во контролиран град со линија на поделба за црвено-црното знаме. Ова однесување на институциите е јасен показател за недостатокот на почит кон Албанците и политиките на потчинување што ги следат претставниците на ВЛЕН во владата на Мицкоски. Албанските претставници кои молчат пред оваа одлука мора да сносат одговорност за кршењето на достоинството и правата на своите граѓани. Албанците не можат да се третираат како граѓани од втор ред во својот главен град. Националната радост не запира со полициски пречки. Држава која се почитува себеси не поставува граници на радоста на своите граѓани“, пишува во соопштението.
Можеби ќе ве интересира
„ЗА АЛБАНЦИТЕ, СОНЦЕТО ИЗГРЕВА НА ЗАПАД“: Ахмети му честиташе на Рама за достигнувањата на европскиот пат
(ВИДЕО) „ЛОЈАЛНОСТА КОН УСТАВОТ Е ДОЛЖНОСТ НА СИТЕ“: Костадиновски го честиташе Денот на Уставот
ДА СМЕНАТ ПАТЕНТ, ДА СКРАТАТ ПАНТОЛОНИ, ДА СТЕСНАТ ФУСТАН: Има ли леб од овој занает?
ГО ТУРНАЛЕ НА ЗЕМЈА, ГО УДИРАЛЕ СО КЛОЦИ И МУ ОДЗЕМЕ 8.800 ДЕНАРИ: Еден осомничен за разбојништво во Скопје
ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ Е ЧАСОТ ПРЕД ДА ФРЛИТЕ ЃУБРЕ: Од денес тапува на сила забраната за фрлање смет од 22 до 6 часот
САЈКОВСКИ ОТКРИВА: Еве зошто ВМРО-ДПМНЕ е толку загрижена за состојбата во која се наоѓа СДСМ
МИЦКОСКИ БЕШЕ ВО ОБИКОЛКА: Проверуваше дали Скопје е чисто
МАКЕДОНСКИТЕ СУДИИ РАБОТАТ НАЈМАЛКУ А ЗЕМААТ ПЛАТА КАКО ГЕРМАНСКИТЕ: Еве што велат споредбите со другите земји
ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА БАЛКАНОТ: Ќе имаме екстремни врнежи, предупредува Попоски





