19 Декември, 2025
0.0544

ДУИ ЌЕ ЈА ВЕРИФИКУВА ЕВРООБВРЗНИЦАТА: Парите легнуваат денеска!

Објавено во: Економија 26 Јули, 2016 07:32

Добивај вести на Viber

Парите од еврообврзницата во износ од 450 милиони евра денеска треба да стигнат на сметката на Народна Банка. Се очекува министерот за правда, Валдет Џафери, во текот на денот да стави потпис и да издаде согласност за еврообврзницата, иако засега од министерството не ја коментираат ова информација. А токму потписот на министерот за правда Џафери, е најспорниот момент во издавањето на еврообвврзницата, поради што власта и опозицијата се конфронтираат. За опозицијата спорно е тоа што за издавањето на еврообврзницата Министерството за правда нема издадено согласност, како што јавно призна и самиот министер Џафери. Токму поради тоа СДСМ смета дека издавањето е нелегално. За разлика од СДСМ, власта смета дека издавањето е согласнозаконите, и дека потписот на министерот за правда Валдет Џафери ќе се бара откако парите ќе стигнат на сметка на Народната банка. Но, со ваквото образложение кое власта упорно го турка изминатите денови, не се согласува опозицијата, посочувајќи дека не може прво да се земат парите, а потоа да се бара согласност за нив. Токму затоа СДСМ ги повика инвеститорите да не ги префрлаат парите се додека ситуацијата не се разреши правно. И власта и опозицијата се повикуваат на членот 18 од Законот за јавен долг. Но, законот на кој се повиккуваат различно го толкуваат. Имено, во законското решение, кое го посочуваат и власта и опозицијата пишува пишува дека: „Министерот за правда издава правно мислење за правната важност на издавањето на хартии од вредност на меѓународниот финансиски пазар“, пишува во Законот за јавен долг. Несогласувањата меѓу власта и опозицијата за тоа кој е право, најверојатно ќе се бараат на суд, затоа што мешусебно си најавија кривични пријави. Имено, од СДСМ информираа дека нивните адвокатски тимови ги подготвуваат кривичните пријави за министерот за финансии Кирил Миноски, и заменик министерката за правда Билјана Бришковска, поради нелегално издавање на еврообврзницата „Миноски ја издал еврообврзницата противзаконски спротивно на член 18 став 6 од Законот за јавен долг. Бришковска неовластено присуствувала на конференциската врска со инвеститорите кога е договорено 450 милионското финансиско злосторство врз граѓаните. Ова лично го призна министерот за правда, Валдет Џафери. Миноски и Бришковска ја злоупотребиле службената должност, незаконски ги задолжија граѓаните на Р.Македонија и ќе мора да понесат одговорност“, се вели во реакцијата на СДСМ. Но, веднаш реагираа и од Министерството за финансии. И оттаму најавија кривични пријави за сите што при процесот на издавање на еврообврзницата го нарушија угледот на земјата. „ Со цел да се заштити и угледот на институцијата Министерство за финансии и на земјата, Министерството ќе поднесе соодветни тужби до сите инволвирани страни кои со клевета придонесоа за нарушување на меѓународниот углед финансии. Согласно кривичниот законик, потсетуваме дека кривична пријава може да се поднесе и за лажно пријавување на кривични дела“ – велат од Министерството за финансии. Во истовреме Лидерот на опозицијата Зоран Заев, побара од 4-те банки агенти инволвирани во издавањето на 450 милионската еврообврзница веднаш да го запрат процесот, откако Министерот за правда Валдет Џафери, како единствен застапник на Министерството, потврди дека од нив формално не било побарано мислење за правната важност на еврообврзницата. Според тоа издавањето на еврообврзницата е нелегално. Дали по ова писмо банките ќе се премислат ќе се знае денеска, но голема е веројатноста дека сепак парите ќе стигнат на сметкa на Народната банка, а власта и опозицијата ќе докажуваат кој е право со поднесување на кривични пријави. Н.С.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар