Думова – Јованоска: После цела деценија „реформи“ има интелектуален замор и образовна конфузија!
Објавено во: Економија 04 Јуни, 2016 09:14
“Обврска на Ректорот е да создаде атмосфера во која секоја иницијатива за развој ќе биде несамо подржана туку и помогната во рамките на расположивите можности. Предизвик е создавање на клима на отвореност, самокритичност, подготвеност за размена на идеи, за промени. Секој чинител во високообразовната дејност сноси одредена одговорност за состојбите во оваа дејност. При тоа „тежинскиот“ фактор на таа одговорност е различен, почнувајќи од студентите, наставниот кадар, деканите и продеканите, членовите на Сенатот, ректорскиот колегиум и Ректорот но и државата го сноси својот дел од одговорноста со најголем „тежинскиот“ фактор. Универзитетските тела, Наставно-научните совети, Ректорската управа, Сенатот се одговорни за пректикување, артикулирање и одбрана на универзитетската автономија. Појавата на професорскиот пленум сведочи дека овие тела не успеале докрај успешно да ја исполнат својата должност. Од тука само низ отворена и пред се искрена дебата во телата на универзитетот можеме да се справиме со сите предизвици”- смета професорката Думова-Јованоска.
Нејзината програмата за кандидатура за Ректор на УКИМ, е доставена во ректоратот, а во неа посебно место имаат научно –истражувачката и иновативната дејност, финансиската автономија, интернационализацијата на универзитетот и универзитетската подршка на активностите на единците.
НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКА И ИНОВАТИВНА ДЕЈНОСТ
Без сериозно практикување научноистражувачка и иновативна дејност секој универзитет останува само високообразовна институција.Современите општествени токови, вели професорката Думова-Јованоска го ставаат универзитетот пред нови предизвици. Омасовувањето на високото образование доведе до маргинализирање (потиснување) на научноистражувачката дејност во однос на образовната. Токму затоа, основна цел во наредниот период треба да биде подигнување на учеството на научноистражувачката дејност во активностите на академскиот кадар на УКИМ.
“За подобрување на оваа состојба неопходна е коренита промена во пристапот. Во услови на скромни национални, и сериозна конкуренција за регионалните и европските фондови за научноистражувачка дејност, препорачливо е здружување на истражувачките кадровски и ифраструктурни капацитети. Промена на структурата на ректорскиот тим, односно субституција на четирите проректорски места со пет проректори задолжени за организирање на активностите во исто толку научни подрачја и уметности е една од можностите за постигнување на таа цел. Поголемото искористување на потенцијалите на научните институти, полноправни и придружни членки на УКИМ. - Системското и осмислено вклучување на студентите од втор и трет цклус во научноистражувачката дејност што ќе придонесе за редукција на одливот на мозоци и ќе претставува мерка за градење одржлива кадровска политика на универзитетот”-смета професорката.
ФИНАНСИСКА АВТОНОМИЈА
Според Думова-Јованоска неопходен е јасен концепт за модел за финансирање на универзитетот. Без успешно поставена и реализирана финансиска автономија, невозможно е вели да се обезбедат останатите елементи на универзитетската автономија: наставната, кадровската и автономијата на просторот.
“Проблемите со отежнатото регрутирање квалитетен академски подмладок претставува најочигледен пример за тоа. Уредувањето на ова прашање ги надминува не само ингеренциите на ректорот туку и можностите на државен универзитет чие финансирање е дел од националниот буџет. Затоа, уште на самиот почеток на манадатот ќе биде организирана сеопфатна дебата на ниво на универзитетот во која ќе бидат вклучени сите негови единици, факултети и научни институти. Резултат би бил издржан предлог модел за државно финансирање кој ќе ја обезбеди потребната правичност, но и отчетност во користењето на буџетските и сопствените приходи”- нагласува професорката од Градежниот факултет.
ЗАЕДНИЧКИ БУЏЕТ
УКИМ избра модел што ја уважи повеќедецениската практика според која реализацијата на основните финансиски активности се спроведува на ниво на конститутивните единици. Новина беше воведувањето заеднички буџет преку издвојување на износ во висина од 5% од сопствените приходи на едиците на универзитетот. Овие средства досега се третираат како еден вид тампон за ублажување на разликите во развојните можности на единиците и како фонд за солидарност. Заедничкиот буџет според професорката треба да се третира како инвестициски фонд, поточно сериозен дел од него да се користи за подготвување на апликации за различни видови проекти за кои се нудат донации.
“Основна слабост на ваквиот пристап е пропуштената можност заедничкиот буџет да биде искористен како двигател на развојот. Нашата земја има посреден и непосреден пристап до поголем број програми финансирани од Европската Унија под капата на Хоризонт 2020, како и до разни регионални иницијативи. Не се за потценување и фондовите од компонентата 1 од IPA 2014-2020 која е посветена на образованието, а во која постои цел спектар активности, од иновирање образовни практики и инфрастуктурно надградување, до одредени истражувачки активности. Имајќи предвид дека еден од условите за учество во таквите меѓународни проекти е одредена сопствена финансиска партиципација, токму зедничкиот буџет може да послужи за нејзино обезбедување. Успехот во овие активности е мерлив (број на подготвени апликации, број на успешни апликации, број на успешно реализирани проекти, однос на вложени и добиени финансиски средства), со прецизно дефинирано ниво на одговорност. Од поединците, преку проректорите, до ректорот”- објаснува професорката.
ОБРАЗОВНА ДЕЈНОСТ - КВАЛИТЕТ НАМЕСТО КВАНТИТЕТ
После цела деценија исполнета со постојани реформи и усогласувања на студиските програми со европските трендови и многубројните национални законски решенија, во својата програма професорката детектира дека се евидентни интелектуалниот замор и чувството на образовна конфузија предизвикани од избрзаните измени. Затоа, според неа неопходно е поставување јасни цели кои, со помош на сериозна анализа на досегашните искуства, ќе овозможат препознавање нови насоки на развојно движење, а суштествено треба да биде учеството на реалниот сектор во оваа област.
“Наставните практики мораат да ги следат промените кои ги носат развојот на науката и технологијата, но и општествените токови и животните стилови на младите. Вклучување на поголем број наставници од престижни универзитети како гости во редовните наставни активности би претставувал силен импулс за подигнување на квалитетот. За остварување на овие цели неопходна е организирана подршка на наставниот кадар и подобрување на наставната инфраструктура”-додава Думова.
СТУДЕНТ - ОПШТЕСТВЕНО ИЗГРАДЕНА ЛИЧНОСТ
Согласно Статутот на УКИМ студентите имаат загарантирани места за своите претставници во овие тела, но впечаток нотиран во програмата на професорката е дека за подобро користење на предвидените можности, неопходни се различни форми на обуки и информирање за начините на кои можат да влијаат на процесот на организирање на наставните и вон наставните активности, одлучувањето.
“Подобрување на нивната способност за вработување и напредување во кариерата. Центрите за кариера иако е се веќе формирани при единиците на УКИМ, најголем број од нив, делумно поради недостаток на кадар и ресурси, а делумно и поради непознавање на начинот на нивното функционирање се далеку од искористување на вистинскиот потенцијал. Потребно е, во тесна соработка со потенцијалните работодавци, изнаоѓање нови форми на финансирање и организирање на овие центри. Вклучувањето на студентите од вториот и трет циклус на студии во научно- истражувачките активности заслужува посебно внимание. Универзитет кој има сериозна истражувачка агенда мора да изнајде одржливи форми на вклучување на студентите во оваа дејност”-вели професорката во својата програма.
УНИВЕРЗИТЕТСКА ПОДДРШКА НА АКТИВНОСТИТЕ НА ЕДИНИЦИТЕ
Главна задача на универзитетското раководство треба да биде организирање и поддршка на разни видови услужни дејности неопходни за подигнување на нивото на работата на единиците. Во таа насока професорката ги издвојува: Центар во кој би се нуделе различни видови обуки за наставниот кадар, центар за подготовка на апликации за различни видови проекти, образовни, истражувачки, апликативни, инфраструктурни, канцеларија за обезбедување квалитет. На ниво на Европа, терминологијата „обезбедување на квалитет“ веќе е заменета со холистичкиот израз „култура на квалитет“ за што е неопходно редовно организирање семинари и работилници за стекнување на потребните вештини и искуства. Општествената перцепција на високото образование како дејност која овозможува хиперпродукција на кадри со несоодветен квалитет, вели одамна би требало да ги запали црвените светла и да иницира организирање ефикасни методи за самоконтрола на образовната дејност.
ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ
Соодветно внимание во програмата е посветено на интензивирање на активностите на УКИМ во меѓународни асоцијации на универзитети како што се EUA, UNICA и други. МОТИВ Ентузијазмот, според професорката, колку тоа и да звучи неуверливо во ова време на деструктивна лукративност и морална дерегулација, е она врз кое се потпира нејзината кандидатура и она што ќе биде основна водилка низ предизвиците на кои ќе биде изложен евентуално добиениот мандат.
“Верба која се темели на личното искуство и знаење стекнати на позициите продекан и проректор за настава, и особено низ процесите на евалуација на неколку Европски универзитети. Академски средини од каде треба што поскоро да се пресликаат и овде имплементираат принципите на отвореност, самокритичност, подготвеност за размена на идеи, за промени” –порачува професорката Думова-Јованоска.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




