ДУНА за Фактор: Нашата апликација е во ред, резултати немаше поради софтверскиот тероризам
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2020 13:05
Апликацијата е технички врвно изработена и функционираше во текот на целиот изборен ден. Не потфрли нашиот софтвер, туку беше нападната интернет страницата на Државната изборна комисија, велат од ДУНА за Фактор.
Оваа компанија ја изработи апликацијата за следењето на гласовите и резултатите преку која вчера ретко кој успеа да види што било. Моментално веќе е после пладне, а ДИК се уште нема официјални резултати од вчерашните Десетти парламентарни избори во земјава.И додека партиите бараат резултати и обвинуваат за фалсификат од ДУНА велат дека се подготвуваат одвоени кривични пријави од ДИК и од нив за непознат сторител кој впрочем го извршил нападот на интернет страницата. Додаваат дека станува збор за софтверски тероризам со позадински сили. Нападот бил од повеќе странски земји ( Јужна Кореа, Африка...), но зад него, според нив, стоеле домашни субјекти. Од ДУНА велат дека веќе имаат информации за извршителите.
„ Во текот на денот апликацијата функционираше најнормално. Ние имавме податоци за излезност на секои пет минути. Вечерта само што се објавија првите резултати, беше нападната страницата на ДИК. И веднаш паднаа и други страници. Сепак тврдам дека ние ја звршивме работата, апликацијата си функционираше и се вадеа резултати. Ако не постоеше, сега немаше да има ништо, туку ќе се броеа гласовите рачно, велат од ДУНА за Фактор.
Додаваат дека апликацијата била подготвувана половина година, дека има специфики кои ја одвојуваат од сите досега и дека е направена по сите барања на ДИК.
Инаку ДИК уште не соопштува за распределба на освоени мандати. Договорот со ДУНА бил склучен со преговарање, по поништување на првиот оглас. Освен ДУНА своја понуда имала и Ајвоте (Ivote) но цената била пресудна – имено ДИК за оваа апликација платила 15.000 евра.
Инаку сите членови на избирачките одбори имале мобилни апликации преку кои ги внесувале сите податоци за излезноста во реално време, така било и со резултатите. Екипа која и моментално е во ДИК вели дека се лажни вести некои oбјавени фотографии според кои Алијaнса на Албaнците победила во Ново село на пример.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања
АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?
ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст
ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила
Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс




