20 Декември, 2025
0.0729

ДУНАВ ЌЕ ПОРАСНЕ 6 МЕТРИ! Хрватска се подготвува за опасен бран од Европа

Објавено во: Балкан 16 Септември, 2024 14:06

Добивај вести на Viber

Поради обилните врнежи во изминатите неколку дена во земјите од Централна и Источна Европа, водостоите на реките во Хрватска нагло се зголемија, но се уште се далеку од опасни нивоа, иако минатата недела имаше повремени излевања.

Дунав во Хрватска ќе се издигне шест метри, а во наредните денови се очекуваат екстремно високи водостои и на другите реки, изјави директорот на „Хрватски води“, Зоран Ѓуроковиќ и наведе дека треба да се внимава на сливот на Дунав.

- Сега нивото на водата во Батина е околу плус 140 сантиметри, но во наредните денови Дунав ќе се подигне за шест метри, што е многу сериозен водостој и е на ниво повисоко од седум илјади кубни метри - рече Ѓуроковиќ.

Затоа, додаде тој, ништо не треба да се остави на случајноста и посочи дека имаат рок од седум до 10 дена да се подготват, пренесуваат хрватските медиуми.

- Во следните седум до 10 дена ќе имаме екстремно високи водостои. Хрватска ќе се организира со сите сили да се спротивстави на ваквите водени бранови - заклучи Ѓуроковиќ.

Томислав Новосел од Хрвацке вода вели дека нема одбрана од поплави.

- Купа, Сава во Загреб пораснаа малку, но ништо драматично - изјави тој за ХРТ.

Тој вели дека се следи водостојот на Дунав, додека прогнозите за Мура и Драва се умерени.

- Хидролози од Унгарија прогнозираат висок водостој на Дунав во Будимпешта, над +800. Можеби има пет водни нивоа кои биле над тоа во последните 70-80 години. Тоа јасно мора да дојде и кај нас, имаме време да се подготвиме. Во Унгарија врвот се очекува од петок до сабота. Од Будимпешта до Батина е 200 километри, портата кон Хрватска. Значи, тој бран во Хрватска го очекуваме дури на почетокот на следната недела - рече Новосел.


Тој посочи дека за разлика од Дунав, поројните реки како Купа и Сава, кои се излеаа во петокот, патуваат многу побрзо, но нема опасност ниту за Загреб, ниту за областите низводно. Мура и Драва во моментов се безбедни, изјави Новосел и додаде дека нема да има проблеми со Сава во Хрватска. Тој објаснува дека поради сушата во текот на летото обилните врнежи од претходните денови најмногу ги апсорбирала земјата и затоа немало високи водостои во Купа или други водотеци.

Според Новосел, состојбата во европските земји е драматична.

- Сигурен сум дека научија некои лекции. Кога за два дена ќе паднат 300 до 400 милиметри дожд, едноставно нема одбрана. Природата понекогаш е неумолива и посилна од човечката рака – рече Новосел.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација