18 Декември, 2025
0.0624

Дури 250.000 Срби веруваат дека HAARP ги предизвикал поплавите

Објавено во: Балкан 01 Јуни, 2014 21:36

Добивај вести на Viber

Според истражувањата на „Фактор плус“ жителите на Србија сметаат дека реакцијата на државата била на ниво, како и дека помошта од Русија била ефикасна, додека неверојатни 4 одсто од луѓето веруваат дека контроверзниот и никогаш не потврден HAARP е виновен за катастрофата која ја зафати соседна Србија.

Директорот на агенцијата Владимир Пејиќ истакна дека највпечатливиот податок е тој што граѓаните на Србија имаат многу реалистичен поглед на трагедијата која ги зафати.

-Им паѓа во очи податокот дека граѓаните сметаат дека реакцијата на државните органи била на ниво. Граѓаните оценија дека Владата на Србија се покажала како одговорна и била многу ефикасна. Субјективната перцепција на Србите е дека од голема помош им биле Русите и државите од регионот, и покрај тоа што им помогнале и голем број други земји -наведува Пејиќ за весникот Информер.

Тој како круна на истражувањето ја наведе солидарноста која граѓаните ја покажале кон загрозените.

- Дури 84 одсто граѓани покажаа емпатија кон евакуираните. Некои учествуваа во градење на насипите, другите собираа облека, обувки и храна. Тоа е она што е најубаво - истакнува Пејиќ.

Коментирајќи го тоа што еден дел од граѓаните за поплавите го криви HAARP системот, метеорологот Недељко Тодоровиќ вели дека му е драго што за тој одговор не се определиле голем број луѓе.

-Драго ми е што сепак многумина знаат дека „мајка природа“ е виновна за катастрофата која не зафати. А кога станува збор за HAARP, многу и не знаат дека тоа е експеримент кој САД го спроведува на Алјаска. Тој произведува електромагнетно поле, кое ни на кој начин не може да влијае на тоа дали во Србија ќе врне дожд или не - објаснува Тодоровиќ.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии