21 Март, 2025
0.1064

ДУРИ И СО ЗАШТИТНА ПП ОПРЕМА НЕ БИ МОЖЕЛО ДА СЕ ИЗДРЖИ ВНАТРЕ ПОДОЛГО ВРЕМЕ: Пожарникарите ги објаснуваат фазите на пожарот како оној што се случи во Кочани

Објавено во: Македонија 20 Март, 2025 07:55

Добивај вести на Viber

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 59 лица, а десетици останаа со повреди, што од изгореници, што од вдишување чад, покажува колку всушност непрофесионалноста може да доведе до огромни и ненадоместливи загуби. Велиме непрофесионалност, заради тоа што, според пожарникарот во пензија, Трајче Кметовски, во случаи како што е овој во Кочани, основно правило при организирање концерт во клуб каде присуствуваат поголем број на луѓе, е присуството на противпожарно возило, кое, во случај на несреќа каква што се случи кобната вечер, веднаш би интервенирало и би спречило да се случи катастрофа каква што се случи.

Тој вели дека таквото „дежурство“ сопствениците на клубовите мора да го платат, па затоа никој повеќе не ни повикува пожарникари да дежураат на такви места, се со цел да заштедат.

„На важни настани каде што има собир на голем број луѓе со зголемена ПП опасност, организаторот е должен да побара ПП обезбедување од страна на ПП единицата на ниво на општина. Во случајов доколку имало присуство на ПП возило пожарот ќе бил брзо изгаснат (во почетната фаза), а со тоа не би се случил пожар како во случајов, со големи матријални и човечки загуби“, вели Кметовски.

Кметовски како долгогодишен професионалец, објаснува колку лесно се разгорел огнот и колку степени се развиле за само 15 минути по избивањето. Според него, битката со овој и со сите други пожари, мора да биде брза и силна.

Брзо значи во најкраток можен рок да се пристигне и да се дејствува на настанат пожар. Најдобро е кога на местото на пожарот ќе се пристигне за 10 минути. Временскиот период го диктира самиот пожар. Секој пожар има своја почетна фаза која сто трае 15 мин со почетен развој на пожарот и почетна темпратура до 500 степени, разбувтана фаза каде што имаме целосно горење со пламени јазици и висока температура над 1.000 степени. За време на развој на овие фази пожарот е пропратен со ослободување на продукти од согорување и тоа јагленород диоксид, јагленород моноксид, хлор хлорцијан и други гасови и се намалува присуството на кислород. Во услови на висока температура и присуство на горенаведените продукти дури и со заштитна пп опрема не може да се издржи подолго време. Јагленородот моноксид како продукт на непотполно согорување во услови на изложеност е многу опасен по здравјето на лугето така да при вдишување од околу 30 секунди тој предизвикува вртоглавица и онесвестување,а со подолга изложеност тој предизвикува и трајни последици по здравјето а подоцна и смрт“, вели пожарникарот.

Откако објасни што значи брзото делување на пожар од вакви размери како што е тој  кој во дискотеката на смртта, Кметовски објаснува и што значи тоа да се делува силно во вакви ситуации.

Силно значи да во даден момент на пожарот се интервенира со потребна и доволна сила.Тоа значи дека е потребно доволно пожарникари, доволно техника, потребна заштитна опрема(дишни апарати) како и доволно средства за гасење(во случајов вода). Во пожарот во Кочани станува збор за пожар на габаритен објект со површина од околу 400 м2, изграден од тврда градба со дрвен конструктивен систем и определени елементи за затварање на кровниот простор кои што очигледно не биле огноотпорни. За успешно да се реши ваков пожар од страна на пожарникарите потребно е брзо пристигање со најмалку три ПП возила и најмалку едно оделение од 9 пожарникари. Во повеќето пожари каде што имаме зафатено кровна конструкција, најбрзо се локализира со дејство со топ млазница. Во овој случај потрошувачката на вода ќе биде голема но ефектот ќе биде голем, брзо ќе се изгаси пожарот и ќе се намалат последиците од него. Доколку се пристигне со едно возило брзото трошење на водата може да биде лошо и да не се постигне бараниот ефект“, потенцира тој.

Д.Т

Фото: Иван Стоиљковиќ/Фејсбук


Можеби ќе ве интересира

ФРОНТМЕНОТ НА ДНК ВЛАДИМИР БЛАЖЕВ-ПАНЧО НЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ – СООПШТИЈА ОД СИСТИНА: Хоспитализиран е на одделот за интензивно лекување

ФРОНТМЕНОТ НА ДНК ВЛАДИМИР БЛАЖЕВ-ПАНЧО НЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ – СООПШТИЈА ОД СИСТИНА: Хоспитализиран е на одделот за интензивно лекување

ГАЗДАТА НА КЛУБОТ ДИРЕКТНО МУ ДАЛ ПАРИ НА ВРАБОТЕН ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ФАЛСИФИКАТ ЛИЦЕНЦА - истражна постапка против 27 физички и три правни лица

ГАЗДАТА НА КЛУБОТ ДИРЕКТНО МУ ДАЛ ПАРИ НА ВРАБОТЕН ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ФАЛСИФИКАТ ЛИЦЕНЦА - истражна постапка против 27 физички и три правни лица

УШТЕ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ПРАТЕНИ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО: Д-р Мерџановски со детaли за прифаќањето на повредените од пожарот во Кочани

УШТЕ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ПРАТЕНИ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО: Д-р Мерџановски со детaли за прифаќањето на повредените од пожарот во Кочани

НАСИЛНА СМРТ СО ЗАДУШУВАЊЕ ПРЕДИЗВИКАНО ОД ПОЖАРОТ Е КОНСТАТИРАНА КАЈ СИТЕ ЖРТВИ: Што друго покажува обдукцијата на починатите

НАСИЛНА СМРТ СО ЗАДУШУВАЊЕ ПРЕДИЗВИКАНО ОД ПОЖАРОТ Е КОНСТАТИРАНА КАЈ СИТЕ ЖРТВИ: Што друго покажува обдукцијата на починатите

Тошковски Кривични пријави за 34 физички лица, истрагата трае и понатаму

Тошковски Кривични пријави за 34 физички лица, истрагата трае и понатаму

„ЛЕКУВАЊЕТО НА СИТЕ ПАЦИЕНТИ ЌЕ БИДЕ ОБЕЗБЕДЕНО ОД ДРЖАВАТА“: Митева апелира да не се шират шпекулации

„ЛЕКУВАЊЕТО НА СИТЕ ПАЦИЕНТИ ЌЕ БИДЕ ОБЕЗБЕДЕНО ОД ДРЖАВАТА“: Митева апелира да не се шират шпекулации

СЕГА БУЛДОЖЕР. СРАМНЕТЕ ТОА ШТАЛАТА СО ЗЕМЈА, ТРАГА ДА НЕ ОСТАНЕ ОД ТОЈ ПЕКОЛ: Лукреција Маљковиќ- Атанасовска ја трогна јавноста со порака за несреќата

СЕГА БУЛДОЖЕР. СРАМНЕТЕ ТОА ШТАЛАТА СО ЗЕМЈА, ТРАГА ДА НЕ ОСТАНЕ ОД ТОЈ ПЕКОЛ: Лукреција Маљковиќ- Атанасовска ја трогна јавноста со порака за несреќата

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ, ПОРАНЕШНИ ДИРЕКТОРИ НА ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ, НО И ЧЛЕН НА ДНК СЕ МЕЃУ ОСОМНИЧЕНИТЕ - обвинителот Љупчо Коцевски со опсежни детали за несреќата

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ, ПОРАНЕШНИ ДИРЕКТОРИ НА ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ, НО И ЧЛЕН НА ДНК СЕ МЕЃУ ОСОМНИЧЕНИТЕ - обвинителот Љупчо Коцевски со опсежни детали за несреќата

ЛА НИЊА НЕ ЗАВРШИЛА СО НАС: Балканот би можел да биде меѓу најпогодените?

ЛА НИЊА НЕ ЗАВРШИЛА СО НАС: Балканот би можел да биде меѓу најпогодените?