19 Декември, 2025
0.0489

ДВА ПАТИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ГО УБИЈАТ,ТРЕТИОТ ИМ УСПЕА: Кој е убиениот бугарски бизнисмен? Од кандидат за претседател до водач на криминална група за рекет и изнуда

Објавено во: Балкан 17 Август, 2023 06:59

Добивај вести на Viber

Во Софија вчера беше убиен познат бугарски бизнисмен, политичар и поранешен припадник на државната безбедност Алексеј Петров.

Тој бил застрелан во населбата „Драгеловци“ во Софија, каде го пронашле припадници на МВР, а на местото на настанот имало и жена која во тешка состојба била пренесена во болница.

Алексеј Петров во 2010 година беше приведен и обвинет дека е водач на криминална група која се занимавала со рекетирање и изнуда. Во октомври истата година му е изречена мерка куќен притвор, а пријавата е сведена на рекет и изнуда. Во февруари 2014 година, Специјалниот суд одлучи да ја прекине истрагата.

Четири години по истрагата, обвинителството не ги собрало потребните докази за да поднесе обвинителен акт и да оди на суд, пишуваат бугарските медиуми.

Имаше два обиди за атентат врз него - во 2002 и 2015 година. Во првиот тој беше застрелан во градите и ногата, а никогаш не беше откриено кој е атентаторот и која е причината за тоа злосторство. Неофицијално се говори дека станува збор за пресметка во прераспределбата на работните места за обезбедување и осигурување, пишуваат бугарските медиуми. Петров најави награда од 100.000 долари за информација кој стои зад нападот врз него.

Ко-основач на осигурителните компании „Аполо и Балкан“ и „Спартак“.

Бил тренер на бугарската карате репрезентација. Докторската дисертација за проблемите со обезбедувањето на фирмата ја одбрани на Академијата на МВР.

Петров бил постојано вработен во Државната безбедност. Бил кандидат и на претседателските избори.

 Извор:Н1.инфо.рс




ФОТО:Принтскрин

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен