Двајца турски војници загинаа во експлозија на автомобил-бомба
Објавено во: Балкан 26 Јули, 2015 10:02
Двајца турски војници загинаа, а четворица други биле повредени, при експлозија на автомобил-бомба во југоисточна Турција, населена претежно од Курди.
Тоа го пренесува „АФП“, повикувајќи се на соопштение од локалните власти.
Инцидентот се случил доцна во саботата. Војниците патувале во провинцијата Дијарбакир, кога нивниот конвој бил нападнат.
„ПКК“ предупреди дека нема да го почитува примирјето со турските власти, откако Анкара изврши воздушни напади насочени против позиции на курдското движење во Ирак.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




