ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади
Објавено во: Економија 23 Април, 2024 11:08
Акционерското друштво „Европа“ има закажано Собрание на акционери за 15 мај годинава, и за него се предложени бројни предлог одлуки, меѓу кои и онаа за распределба на дивидендата од добивката остварена од ланската добивка, за што веќе пишуваше Фактор.
Но, на Собранието на акционери ќе се гласа и за една предлог одлука која стигнала опд еден акционер, Миломир Николиќ, кој поседува 2.800 акции, а кој предлага две дами да влезат во Одборот на директори на компанијата, како неизвршни членови.
Односно, тој предлага Марина Симоновска и Марика Караџова да бидат номинирани како неизвршни членови на Одборот на директори.
Како што веќе пишуваше Фактор, на претстојното акционерско Собрание се очекува акционерите да ја одобрат работата на членовите на Одборот на директори, за секој член поединечно, а тие се Марија Каранфиловиќ – неизвршен член, претседател на Одборот на директори, која функцијата ја извршувала до 30 септември лани, Драган Наков, неизвршен член, Есамедин Хасани, неизвршен член, Наташа Милева, сегашен претседател на одбор на директори, неизвршен и независен член, Марика Караџова, извршен член и генерална директорка, како и Селаудин Арифи, неизвршен член.
А, токму директорката Марика Караџова заминува во пензија на 15 мај и затоа Собранието треба да ја констатира нејзината оставка, а на нејзино место ќе се избере нов раководен кадар, кој засега не е познат.
На неизвршните членови на одбор на директори ќе им се исплаќа месечен надомест во нето износ од 30.000 денари по член.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




