05 Декември, 2025
0.3113

Две фирми заинтересирани да го доизградат Милениумскиот крст

Објавено во: Македонија 18 Март, 2014 10:13

Добивај вести на Viber

Скопски „Бетон“ и фирмата „Турбоинжинеринг“, исто така од Скопје, се единствените две фирми заинтересирани да ја довршат изградбата на Милениумскиот крст, на тендерот што го распиша ЈСП Скопје. Понудата на скопски „Бетон“ е пониска - 69 милиони денари или 1,1 милиони евра, додека „Турбоинжинеринг“ за работите бара 74 милиони денари или 1,2 милиони евра. Но и двете понуди се речиси двојно повисоки од парите што ЈСП Скопје имаше намера да ги потроши за оваа намена. Тендерот за доизградба на овој објект ЈСП го распиша во декември откако претходно од Градот Скопје го презеде правото за стопанисување со Милениумскиот крст. Тендерот на два пати беше и продолжуван, на барање на фирмите заинтересирани за учество. Комисија сега треба да ги разгледа понудите, а конечниот избор ќе биде направен за една недела. Според условите, избраниот изведувач има девет месеци за да го заврши целосното уредување на Милениумскиот крст, но од ЈСП очекуваат тоа да се направи и порано. Фирмата ќе треба да изврши антикорозивна заштита на објектот, да го замени лифтот во Милениумскиот крст, да спроведе вода и одвод, да изгради пречистителна станица и да го осветли просторот околу објектот. Светилките од двете страни на крстот ќе се менуваат со штедливи, а за вода ќе се копа бунар длабок околу 40 метри. Финансирањето на овој проект ќе се покрие со донации.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија