18 Декември, 2025
0.0572

Две години од смртта на Стив Џобс

Објавено во: Свет 05 Октомври, 2013 19:30

Добивај вести на Viber

Денес се навршуваат две години од смртта на Стив Џобс, а извршниот директор на компанијата Apple, Тим Кук им испрати кратка порака на вработените преку мејл. „Се одбележува годишнината од смртта на Стив. Се надевам дека сите ќе се потсетат што тој значеше за нас и за светот. Стив беше неверојатно човечко суштество и зад себе остави подобар свет. Често се присетувам на него и пронаоѓам голема сила во сеќавањата за нашето пријателство, визиите и лидерството. Зад себе остави компанија кој само тој можеше да ја изгради и неговиот дух ќе биде темел на Apple. Ќе продолжиме да му оддаваме почит на споменот на него со тоа што ќе се посветиме на работата која тој толку многу ја сакаше. Не постои подобaр начин од тој да му се оддаде почит. Знам дека би бил горд на сите вас“, стои во обраќањето до вработените. Стив Џобс како бебе бил даден на посвојување, а го одгледале Пол и Клер Џобс. Како средношколец работел во Hewlett Packard каде се запознал со Стив Возниак со кој во 1976 година ја основал Apple. Неколку години подоцна бил исфрлен од сопствената компанија бидејќи професионалните менаџери сметале дека е премлад да ја води компанијата. Не губејќи време на самосожалување, ја основал Pixar, компанија која создава компјутерски анимирани филмови. Дваесет години подоцна, Џобс се враќа во Apple и тоа на местото извршен директор и ја пишува историјата со иновации како iPod и iPhone, уреди кои го одбележаа модерниот начин на живеење. Пред две години, Џобс ја загуби битката со ракот и последните денови од животот ги мина во кома. Зад себе ги остави сопругата Лорен и четирите деца.  

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“