15 Декември, 2025
0.1886

Двегодишно дете ја започна епидемијата од која стравува цел свет!

Објавено во: Свет 11 Август, 2014 19:36

Добивај вести на Viber

Еболата, која засега уби околу 1.000 лица во Западна Африка, веројатно започнала од двегодишно дете во Гвинеја. Пред осум месеци, детето за кое епидемиолозите веруваат дека е „нултиот пациент“, имало температура, црна столица и зачестено повраќање. На 6 декември 2013 година, четири дена по појавата на симптомите, детето починало. Научниците не знаат како точно детето се заразило со ебола, но претпоставуваат дека тоа се случило со близок контакт со заразени животни. „Во Африка, документирани се случаи на инфекција при контакт со заразени шимпанза, горила, лилјаци, мајмуни и антилопи“, тврди Светската здравствена организација, иако научниците веруваат дека главен причинител за ширење на болеста се всушност лилјаците. Кратко по смртта на двегодишното дете, со исти симптоми починале и неговите мајка, сестра и баба. Еболата се проширила надвор од тоа село по погребот на бабата, бидејќи луѓето биле во близок контакт со телото на починатата. На тој начин, двајца кои присуствувале на погребот го донеле вирусот во своето село и епидемијата продолжила да се шири, сметаат научниците.  

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете