Двете дози од руската вакцина ќе чинат 21 евро, ама само за нас
Објавено во: Балкан 06 Декември, 2020 11:09
Руското Министерство за здравство ја утврди максималната цена на вакцината против коронавирусот „Спутник V“ на 1.942 рубли за две дози или 21,5 евра, изјави Алексеј Кузнецов, помошник министер за здравство.
„Министерството за здравство на Русија ја регистрираше максималната цена на вакцината за спречување на коронавирусот ‘Спутник V’, што е развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија ‘Гамалеј’. Тоа е 1.942 рубли за две дози”, изјави тој.
Кузнецов додаде дека цената на кутијата со пет комплети од две дози е утврдена на 9.710 рубли или околу 108 евра. Сепак руските граѓани нема да ја купуваат вакцината тука за нив ќе биде бесплатна. Цената важи за останатите граѓани и за купување од странство.
„Вакцинацијата на руските граѓани ќе биде бесплатна и апсолутно доброволна“, истакна тој.
Руската влада претходно ја додаде вакцината на списокот на витални и основни лекови.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“
Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС
ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини
Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти
АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ИСТАНБУЛ - патниците се безбедни, но пистата останува затворена (ВИДЕО)
ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден
„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС
(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија
Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!




