15 Декември, 2025
0.0610

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА: Хеликоптер транспортираше трудница од завеан хрватски град

Објавено во: Балкан 25 Декември, 2024 19:59

Добивај вести на Viber

Хрватските власти со хеликоптер спасија трудница од завеан град.

Пилотите на хрватското воздухопловство и тимот на Хрватската планинска спасувачка служба, денеска евакуираа трудница од градот Крбава кај Удбина во Загреб.

Пилотот на хеликоптерот „Црни Јастреб“ изјави дека трудницата е спасена со итен лет во зимски услови и затоа ова е најубавиот подарок за Божиќ што можел да го добие целиот хеликоптерски тим.

„Веднаш откако го добивме барањето за извлекување трудница од место изолирано за сообраќај, поради сложена метеоролошка ситуација, со силен ветер, ниска облачност и снег, знаевме дека ќе биде напорно. Но, за успешно извршување на задачата придонесе интензивната обука на екипажот на хеликоптерот Блек Хок УХ-60М како и знаењето за користење на хеликоптерскиот систем“, изјави пилотот на хеликоптерот на хрватското воздухопловство.

Хеликоптерот полетал од базата во Лучко кон градот Крбава, каде што е пренесена бремената жена и се вратил назад во Лучко, каде екипа на итната помош од Загреб ја пренела пациентката. Снежно невреме го зафати регионот. Во Србија вчера загина млад човек во сообраќајка, откако автомобилот удрил во цистерна. Во Босна, деновиве 200.000 домаќинства останаа без струја поради снежното невреме. 

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството