15 Декември, 2025
0.0417

АНКЕТА: Мнозинството граѓани одговориле дека Хрватска не оди во правилна насока

Објавено во: Балкан 25 Декември, 2024 20:53

Добивај вести на Viber

Хрватска не оди во добра насока, сметаат 73 отсто од анкетираните граѓани. 

Во пресрет на првиот круг од претседателските избори  кој ќе се одржи во недела на 29 декември, најновото истражување на Кробарометар покажа дека 73 отсто од испитаниците сe со став дека Хрватска не се движи во вистинската насока, 20 отсто веруваат во спротивното, додека седум проценти немаат мислење.

Најголемиот проблем на хрватските граѓани е инфлацијата, односно високите цени, веднаш потоа недоволно високите плати, односно лошиот животен стандард на граѓаните.

На трето место се корупцијата и криминалот, кои граѓаните ги перципираат на највисоките нивоа на власта, потоа ниските пензии и лошиот статус на пензионерите, како и лошата состојба на економијата.

Што се однесува до рејтингот, прва на листата и натаму е ХДЗ на премиерот Андреј Пленковиќ со поддршка од 27,8 отсто, со тоа што ова е трет месец по ред како оваа партија бележи пад, па ова е воедно и најлошиот резултат на владејачката партија во последните години.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството