ВИДЕОТО КАДЕ ШТО ГРУБИ, ОСМАНИ И ДРУГИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ДУИ ИГРААТ ФУДБАЛ И КОШАРКА НЕ СМЕЕЛО ДА ИЗЛЕЗЕ ВО ЈАВНОСТ: Османи вели дека било грешка
Објавено во: Македонија 25 Декември, 2024
Бујар Османи, поранешниот министер за надворешни работи од ДУИ, призна дека видеото кое излезе во јавноста, а на кое се гледаа министрите на ДУИ како си играат фудбал и кошарка во канцелариите, било грешка и дека било погрешна проценка. Според него, тоа видео не требало никогаш да излезе во јавност.
Како што рече тој, видеото било сцена за снимање и не било вистинско играње.
Пауза меѓу состанок, рече Османи.
Сепак рече дека неблагодарно е сега да кажува дека тој тогаш не се сложил, но оти сфатил дека е грешка да се објави.
Што рече тој за видеото погледнете тука.