25 Декември, 2024
0.0286

Во иднина, јавноста ќе биде сведок на повеќе условно кажано големи предмети каде што е предизвикана штета на буџетот од големи размери

Интервју Ивановски, директор на Финансиска полиција: Се проверува потеклото на имотот на поранешен судија, се анализираат тендерите на ЕСМ од 2021-2022

Објавено во: Економија 25 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Слободан Ивановски, в.д. директорот на Управата за финансиска полиција, во интервјуто „Фактор“ открива дека веќе се започнати две иницијативи за проверка на потеклото на имотот на поранешни функционери, од кои еден бил доскорешен судија. Се работи на повеќе предмети, а веќе е одземена документација од ЕСМ за спроведени сомнителни јавни набавки во периодот 2021-2022, вели тој во интервјуто.

Законот за конфискациjа на имот во граѓанска постапка,со кој од функционери и граѓани ќе се одзема сопственост што не може да се докаже дека е стекната законски, датумски веќе е во примена.Кои се належностите на Управата за финансиска полициіа во примената на овој законски акт?

Ивановски: Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е во примена и се спроведува од месец септември. Кога јавниот обвинител има сомневање за кривично дело, но нема доволно докази за кривично гонење или кривичното гонење не довело до осудителна пресуда, а оцени дека постои разумно сомневање дека имотот не бил стекнат од законски извори, доставува иницијатива до Управата за финансиска полиција. Ние сме надлежни за прибирање на податоци за имотот чие стекнување не може да се докаже дека е од законски извори. Вршиме идентификување, откривање и лоцирање на имотот кој е предмет на постапката. Исто така, ги собираме, обработуваме и анализираме податоците за утврдување на вредноста на имотот.

Доколку утврдиме дека постои несразмерност меѓу нето вредноста на имотот и расположливите, законити и пријавени приходи за стекнување на имотот, доставуваме извештај до Јавното обвинителство.

Дали веќе се започнати одредени активности и дали ќе следат потенцијални случаи од страна на Управата? Дали во моментов има некаков крупен процес на испитуванье на потекло на имот на поранешни или актуелни министри, пратеници, судии, обвинители и други функционери?

Ивановски: Управата веќе постапува по две иницијативи пристигнати од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција со што е отпочната постапка за идентификување, откривање и лоцирање на тој имот. Во почетна фаза сме, ги вршиме првичните проверки и ги собираме потребните податоци од другите институции. Во една од доставените иницијативи е опфатен и поранешен судија.

Дали соработувате со Министерството за финансии, Jавното обвинителство и Државното правобранителство?

Ивановски: Како Управа за финансиска полиција, редовно соработуваме со други државни органи како што се Управата за јавни приходи (УЈП), Министерството за внатрешни работи (МВР), Јавното обвинителство и други, во рамки на нашите овластувања и надлежности, а во интерес на спроведување на истраги и заштита на јавниот интерес. Оваа соработка се заснова на размена на информации и координација на активности, со цел откривање и спречување на финансиски криминал, даночни измами и други незаконски активности. Несомнено дека интензивната соработка ни помага за успешна имплементација на законот и постигнување на правдата.

Би сакал да ја истакнам одличната соработка и силната поддршка од Министерството за финансии за сите наши активности.

Во насока на уште поефикасна синергија во фаза сме на дигитализација на Управата со другите институции, за електронски пристап и достава на податоци по електронски пат. Сакаме на минимум да ја сведеме папирологијата, односно при водење на предистражна постапка и доставување на барање за податоци од други органи, да имаме пристап електронски до таа институција. Независно дали станува збор за Централен регистар,Катастар, банки и други институции. Дигитализацијата значително ќе ни ја олесни постапката, а истовремено, бидејќи знаеме дека предистражната постапка е тајна, дискрецијата ќе биде загарантирана, ќе имаме тајност во постапувањето и на тој начин ќе бидеме поефикасни во делот на предистражните постапки.

Невладини организации го оспорија овој Закон, дека може различно да се толкува и да се злоупотребува. Дали вие го мислите истото?

Ивановски: Ние сме орган кој заедно со Јавното обвинитество и Државното Правобранителство сме надлежни да го спроведуваме овој закон.  Како што кажав и претходно, веќе постапуваме по две Иницијативи. Бидејќи сме во првична фаза по основ на овие предмети прерано е да дадеме оценка за одредени аномалии со кои што би се соочиле при постапувањето и при спроведувањето на овој закон.

Изминатиот период медиуми известија дека „Финансиска полициjа" прибирала документација од разни правни субекти кои се под државна управа, а споменат беше и АД ЕСМ. Кои се вашите досегашни сознанија што можете да ги изнесете пред завноста и што се е под истрага во моментов?

Ивановски: Во моментот се работи на повеќе предмети за кои се обезбедува документација, еден од нив  е и АД ЕСМ каде одземена е документација за спроведени постапки за јавни набавки за 2021-2022 година и за истата по извршената анализа ќе биде известено Јавното обвинителство. Не би сакал да изнесуваме детали за оваа истрага, бидејќи сепак согласно со Законот за кривична постапка предистражната постапка е тајна. Во иднина, јавноста ќе биде сведок на повеќе условно кажано големи предмети каде што е предизвикана штета на буџетот од големи размери.

Ве уверувам дека секој еден предмет кој ќе биде отворен во Управата за финансиска полиција, секоја една наредба која е пристигната од надлежното Јавно обвинителство ќе биде сработена на професионален начин без разлика дали се инволвирани претходни или сегашни функционери, носители на јавни функции и слично. Управата за финансиска полиција ќе постапува неселективно без разлика за каков предмет станува збор и кои лица се инволвирани во него.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ СО ВИСОКА СТАПКА НА ВРАБОТЕНОСТ: Што покажуваат податоците на Евростат?

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ СО ВИСОКА СТАПКА НА ВРАБОТЕНОСТ: Што покажуваат податоците на Евростат?

ПЛАТИ НА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ЕУ: Во кои земји заработуваат над 4.000 евра?

ПЛАТИ НА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ЕУ: Во кои земји заработуваат над 4.000 евра?

МЕДИЈАЛНА НЕТО ЗАРАБОТКА: Колку заработуваат половина од српските работници?

МЕДИЈАЛНА НЕТО ЗАРАБОТКА: Колку заработуваат половина од српските работници?

ИМАЛО И ДРУГИ РУТИ: Русија е подготвена да испрати гас во Европа независно од Украина

ИМАЛО И ДРУГИ РУТИ: Русија е подготвена да испрати гас во Европа независно од Украина

ОВА ЌЕ ГИ ПОГОДИ НАЈСТАРИТЕ: Германија се соочува со недостиг на готовина на банкоматите

ОВА ЌЕ ГИ ПОГОДИ НАЈСТАРИТЕ: Германија се соочува со недостиг на готовина на банкоматите

„Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини – Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УЈП

„Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини – Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УЈП

Владата ќе наплаќа двојно повеќе од рудниците за концесија

Владата ќе наплаќа двојно повеќе од рудниците за концесија

„КАЗНИТЕ СЕ ОКОЛУ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА“: Ристески најавува примена на законот за нефер практики по Нова година

„КАЗНИТЕ СЕ ОКОЛУ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА“: Ристески најавува примена на законот за нефер практики по Нова година

Стопанската комора и Државната комисија за спречување на корупцијата потпишаа Меморандум за заедничка борба против корупцијата

Стопанската комора и Државната комисија за спречување на корупцијата потпишаа Меморандум за заедничка борба против корупцијата