05 Декември, 2025
0.2821

КАКО ПОРАСНАА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ, КОЈ СЕ БЛИЖИ ДО АКТИВА ОД ТРИ, А КОИ НАДМИНАА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - најнови податоци на централната банка

Објавено во: Финансии 25 Декември, 2024 08:20

Добивај вести на Viber

Како и вообичаено, Фактор прави анализа на домашните банки според нивната големина, или попрецизно, тоа е големината на нивната актива.

Во земјава веќе подолг период наназад функционираат 13 банки, од кои пет се големи, три се средни, и пет се мали банки.

Нашата анализа е врз основа на податоците заклучно со трите квартали од годинава, односно со 31 септември, бидејќи централната банка овие показатели ги објавува квартално.

Да видиме како на крајот на септември стојат 13-те банки, односно колкава е нивната актива и колку таа се зголемила во последнава година.

Големата банкарска петорка и натаму е предводена од Комерцијална банка. Според вредноста на својата актива таа банка тежи на крајот на септември годинава 2,748 милијарди евра. Во однос на една година претходно, активата пораснала за 159 милиони евра.

Следна е Стопанска банка Скопје. Таа имала актива од 2,216 милијарди евра, што во однос на септември 2.023 година е раст од 169 милиони евра.

НЛБ Банка е наредна на листата. Оваа банка имала вредност на својата актива од 1,952 милијарди евра, што е раст за 149 милиони евра во однос на една година претходно.

На одлична четврта позиција е Халк банка, нејзината актива е 1,672 милијарди евра, но за оваа банка треба да се истакне тоа што има најголем раст на активата, за дури 261 милиони евра.

Уште една од петте големи и моќни банки е Шпаркасе банка, на крајот на септември годинава таа имала актива од 1,579 милијарди евра, а нејзиниот раст е за 148 милиони евра.

Ова покажува дека петте најголеми банки не само што имаат најголема актива, туку имаат и огромен раст на вредноста на нивните средства во однос на крајот на септември 2023 година.

Следуваат трите средни банки, и тоа Прокредит со актива од 800 милиони евра, УНИ Банка има 431 милион и Развојна банка над 291 милиони евра.

И доаѓаат петте мали банки. 

Со сума од близу 200 милиони евра предничи Централна кооперативна баннка. Доаѓа Стопанска банка Битола, чија актива е 175 милиони евра. По неа е ТТК банка со 160  милиони евра, а Силк Роуд банка има 156 милиони евра. И на крај е Капитал банка со 50,5 милиони евра. 

 Н.Н.Ф.

Комерцијална банка                         2,748 милијарди евра

Стопанска банка Скопје                   2,216 милијарди евра

НЛБ Банка                                         1,952 милијарди евра

Халк банка                                         1,672 милијарди евра

Шпаркасе банка                                 1,579 милијарди евра

Прокредит банка                                   800 милиони евра

УНИ Банка                                             431 милиони евра

Развојна банка                                      291 милиони евра

Централна кооперативна банка          200 милиони евра

Стопанска банка Битола                      175 милиони евра

ТТК Банка                                              160 милиони евра

Силк Роуд банка                                    156 милиони евра

Капитал банка                                          50,5 милиони евра  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката