25 Ноември, 2024
0.0309

ДВИЖЕЊЕ НА РАБОТНА СИЛА ВО „ОТВОРЕН БАЛКАН“: Ќе се олесни ли патот за наоѓање сезонци во туризмот и земјоделството?

Објавено во: Економија 12 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Фактот дека работната сила може да се движи во Македонија, Албанија и Србија, земји кои се дел од иницијативата „Отворен Балкан“, дава надеж дека земјава ќе има бенефит и ќе се најдат сезонци за повеќе сектори.

Во земјоделскиот сектор очекуваат дека ќе се олесни патот до наоѓање сезонски работници за берба на овошје и зеленчук. Ристо Велков од Синдикатот на земјоделците од струмичкиот регион раскажува дека во овој дел од државата има потреба од сезонци.

„Ни треба работна рака што ја разбира работата. Досега немаше странски сезонци во струмичко, а ова лето се очекуваат. Сезонците кои досега беа ангажирани беа локални жители“, рече Велков.

Претходните години работници од Албанија доаѓаа во Преспа за берба на јаболка.

„Веќе 10-15 години во Преспа доаѓаат берачи од Албанија. Но, и таму има сега недостиг. Нивните работници сега се во Италија, Швајцарија, Австрија, Грција. По редот на нештата и во согласност со она што е договорено со „Отворен Балкан“, би требало да има поголема берза на работна сила, затоа што се останати постари лица над 50 години кои не можат да го следат темпото на работа во европските земји. Во Македонија, Албанија, Србија имаме постара работна сила, доколку е квалификувана можеби ќе најде добра можност, а неквалификуваната ќе има проблем“, вели Љубе Пампулески од Здружението на овоштари „Благој А.Котларовски“ од Ресен.

Тој објаснува дека „Отворен Балкан“ е добра иницијатива, но според него, ова требаше да почне пред неколку години и досега ќе имаше позитивни ефекти. Пампулески вели дека работници од Албанија сосе семејствата се иселувале во Грција, за да работат во земјоделскиот сектор, но како што вели, откако ќе научат јазик, заминуваат во побогатите европски држави. Тој додава дека за да имаме долгорочни ефекти, треба целокупно да се подобри земјоделскиот сектор, односно работата да биде поисплатлива. И тој нагласува дека е потребна работна сила која добро ја познава работата.

И во туристичкиот сектор се надеваат дека ќе најдат соодветни работници.

„Што поотворено подобро за сите. Ние не криеме нешто овде, во однос на скап или евтин работник. Вредноста на работникот ќе си дојде на виделина. Ако некој е специјалист за нешто, дали ќе работи во Македонија, Србија, Албанија, ќе мора да биде платен. За наоѓање на професионалци тоа ќе биде добро и тимот ќе работи подобро со такви луѓе. Сигурно нема да бараме чистачки да дојдат. Има работници од Индија, од Непал за тие позиции и од Филипините. Има јазична бариера со овие работници. Ќе остане да се види, но во секој случај ќе биде подобро од сега“, вели Крсте Блажески од ХОТАМ.

Повеќе од 700 Македонци изразиле интерес за работа или во Албанија или во Србија, за неполна недела откако се отвори единствениот пазар на трудот во „Отворен Балкан“.

Откако извадиле ИД број, на системот на е-услуги во земјата на аплицирање можат да пристапат на пазарите за труд, и откако ќе ги поминат безбедносните проверки, ќе можат да бараат фирми за работа, без да вадат работна дозвола.

И во Србија речиси идентичен е бројот на српски државјани кои аплицирале за работа во Македонија или Албанија, а веќе има и македонски фирми кои очекуваат да им бидат одобрени дозволите на работниците од соседството, за да започнат да работат во земјава. Беше соопштено дека фирми во Куманово и Струга чекаат работници од соседните Србија, односно Албанија.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/iconade3

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск