ДВИЖЕЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ СВЕДЕНО НА МИНИМУМ: Таксистите на удар, се плашат за својата егзистенција
Објавено во: Економија 20 Март, 2020
Откако е
прогласена вонредна состојба која ќе трае еден месец за да се спречи ширењето
на коронавирусот, такси превозниците се загрижени затоа што веќе трпат загуби. Патници има многу малку, и затоа
стравуваат за својата егзистенција. Се плашат дека како времето минува, ќе биде
полошо затоа што се наложува граѓаните да седат дома за да се спречи ширењето
на смртоносниот вирус.
„Работата е падната во старт, и ние не знаеме како ќе биде понатаму. Нема ниту една третина од патниците кои беа превезувани претходно. Сите такси превозници се жалат. Државата треба да помогне, затоа што ако биде вака не може да се соберат пари за плати, давачки“, вели Светлан Китановски, раководител во Плава лагуна од Скопје.
Oд такси компанијата Вардар од Скопје велат дека има многу голем пад деновиве на работата.
„Имам катастрофален пад, скоро за 100 отсто и сметајте дека ако претходно сме имале по 1.000 повици дневно, сега имаме максимум 30 повици во денот“, додаваат од оваа компанија.
Пеце Митревски, сопственик на такси компанијата Гонзалес од Битола вели дека откако се објави дека државата е во вонредна состојба, состојбата драстично се промени.
„За 70 отсто е падната работата. Дневно имаме по 10 повици. И таксистите се загрижени, затоа што и тие хранат фамилии. Вака вака продолжи не можеме да извадиме за гориво, а не пак за плати“, рече Митревски.
Во моментов приоритет на такси-здруженијата им е мерката која ја најави Владата за субвенционирање на придонесите на вработените додека трае кризата.
- Нашиот синдикат веќе испрати допис, бидејќи во моментов не е јасно дали ние спаѓаме во таа категорија на дејности за кои ни следува субвенционирање на придонесите. Ние сме мошне загрозени и прометот ни е паднат за повеќе од половина и затоа сакаме да бидеме на чисто со шифрите под кои треба да влезе и нашата дејност, рече Оливер Василевски, претседателот на такси-здружението „Панорама“.
Тој вели дека од чланарините на 80 до 85 таксисти кои членуваат во здружението треба да се обезбедат и плати на диспечерките, на кои ако продолжи ваквата ситуација ќе треба да им се намали доходот за 10 до 15 отсто.
И такси-здружението „Експрес“ бара начин како да им се помогне на 60-те возачи и четирите диспечерки кои работат во три смени.
- Повиците кај нас се намалени од 1.000 дневно на помалку од триста. Во трета смена има само 40 повици. Не бараме само субвенционирање за два месеци, туку имаме за цел да издејствуваме барем два месеци да не мора да ги плаќаме. Покрај тоа, сакаме ситуацијата да биде јасна и транспарентна, а не целата помош да изгледа како извлекување лотарија и некој да добие повеќе некој помалку, гласи ставот на Трајче Зерзовски, претседател на „Експрес“.
Дел од такси компаниите се во паника и не се расположени да коментираат, велат дека се зафатени со обврски, вршат дезинфекција на возилата. Свесни се дека состојбата ќе се менува од ден во ден.
Инспекторите од Општина Битола деновиве вршат контроли на такси превозниците со целграѓаните да се возат со лиценцирани, а не со диви превозници. На таксистите со лиценца поради корона вирусот наложено им е секојдневно да вршат дезинфекција на возилата и да носат заштитни ракавици и маски.
Вонредни контроли имаше и во Скопје за да се види дали се почитуваат мерките на Владата.
С.А. - А.К.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.