19 Декември, 2025
0.0377

Двоен удар на Еврозоната: Штрајкови и напади ја турнаа економијата надолу

Објавено во: Економија 02 Август, 2016 19:02

Добивај вести на Viber

Tерористичките напади и штрајковите во Франција ja спречија обновата на економијата на еврозоната. Следниот удар ќе биде нанесен од последиците од Брегзит.

Обновата на економијата на еврозоната се покажа кратко - во вториот квартал растот во споредба со првиот се забави двојно до 0,3%. На годишна основа БДП на еврозоната се зголеми за 1,6% по 1,7%, соопшти Евростат.

Не се промени и БДП на втората по големина економија на блокот - Франција (по рекордниот раст од 2013 година од 0,7% во првиот квартал и (Австрија) 0,6%, се забави и најбрзо растечката економија во регионот - Шпанија - до 0,6% од 0,7%.

Стапките на раст на земјите од еврозоната во првиот квартал сведочат дека БДП на монетарната унија повторно го достигна нивото пред кризата, регистрирано во првиот квартал на 2008 година.

Основниот поттик за раст беше поврзан со намалувањето на цените на нафтата. Обновата на цените на „црното злато“ ја ускратија економијата на еврозоната од моторот на раст, пишува „The Wall Street Journal“.

Но најлошо се одразија показателите на податоците од Франција, сметаат аналитичарите на „Морган Стенли“.

Националниот институт за статистика на Франција (Insee) очекуваше раст на БДП од 0,3%. Но статистиката се покажа разочарувачки.

Инвестициите во градежништвото и производството се намалија. Трошоците на домаќинствата не забележаа никаков раст.

Тие требаше да бидат стимулирани од Евро-2016 (во првиот квартал како резултат на купувањето на билети тие пораснаа за 1,2%), но француската економија се соочи со двоен удар - бранот штрајкови и последиците од терористичките акти во 2015 и 2016 г .

Долготрајните штрајкови доведоа до недостиг на горива и сериозни прекини во работата на транспортниот систем, а терористичките напади - до намалувањето на туристите во екот на сезоната со речиси 600 000 луѓе (податоците се на Еуростат).

Најмногу се намалиле трошоците за ресторани и хотели. Хотелскиот синџир „Accorhotels SA“ предупреди дека нападите ја лишија 23% еврозоната од нејзината чиста добивка. „Сега, луѓето претпочитаат да патуваат до Њујорк наместо до Париз. Бидејќи во Големото јаболко се чувствуваат безбедно“, изјави за „Волстрит џурнал“ финансискиот директор на синџирот Жан-Жак Морен.

„Ние растеме во целата еврозона, со исклучок на Франција, која настрада од штрајкови и напади“, изјави извршниот директор на синџирот продавници „Carrefour CA“ Жорж Плас.

Еврозоната влегува во траекторијата на умерените стапки на раст, пишува „The Financial Times“. „Растот на БДП ќе се забавува до крајот на годината“, се очекува Џек Ален од „Капитал Економикс“.

На резултатите од третиот квартал влијание ќе имаат и резултатите од референдумот во Британија. Според оценката на економистот од „BNP Paribas“ Клементе де Луси следната година „Brexit“ ќе ја чини еврозоната 0,5% од БДП.

Можеби ќе ве интересира

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?