01 Декември, 2023
0.0285

ЏАФЕРИ: Лага е дека сум примил каков било материјал од екс премиерот

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска во Собранието изјави дека нема никаква вистина во тврдењето дека примил каков било допис или материјал од поранешниот премиер, Никола Груевски, во кои наводно имало содржина за измени на Кривичниот законик.

-На тоа прашање веќе одговорив за време на викендов. Нема никаква вистина во тоа дека претседател на Собранието од екс премиерот примил каков било допис и или каков било материјал. Тое е невистина која што само служи за дневно-политички цели, рече Џафери, одговарајќи на новинарско прашање, по денешната средба со претставниците на медиумите.

Тој истакна дека Собранието добива материјали од овластени предлагачи, во форма која е пропишана со Деловникот.

-Не би сакал да користам несоодветни зборови, кои што ги заслужува таквата инсинуација, но оставам на совеста на тие што шпекулираа со јавноста, рече Џафери.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вчера во интервју  за „360 степени“ на МРТ 1 сподели материјали за кои тврдеше дека се дел од тајна комуникација меѓу поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, лидерот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери, и уште едно лице. 

Притоа, Николоски покажа УСБ, за кое тврди дека е она што деновиве го спомнувал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а сподели и три испечатени страници А4-формат за кои вели дека се содржината од УСБ-то.

Според Николоски, тоа се докази дека веќе подолго време поранешниот претседател на партијата Никола Груевски е дел од сценарио за ослабување на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е тоа фамозно УСБ стикче на коешто ги има измените на КЗ. Овие измени се доставувани до Али Ахмети, Талат Џафери и трета адреса од страна на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, рече Николоски. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лавров го критикуваше ОБСЕ, но другите учесници на самитот ја критикуваа Русија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лавров го критикуваше ОБСЕ, но другите учесници на самитот ја критикуваа Русија

ЛАВРОВ БАРА ДОСЛЕДНО ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА НА ОБСЕ: Средба со Османи и Борг

ЛАВРОВ БАРА ДОСЛЕДНО ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА НА ОБСЕ: Средба со Османи и Борг

Борбата против корупцијата и перењето пари станува приоритет - еве што е договорено на Министерскиот самит

Борбата против корупцијата и перењето пари станува приоритет - еве што е договорено на Министерскиот самит

УШТЕ ЕДНА ПРОВОКАЦИЈА: Ученик истакнал албанско знаме во дворот на економското училиште во Велес

УШТЕ ЕДНА ПРОВОКАЦИЈА: Ученик истакнал албанско знаме во дворот на економското училиште во Велес

(ФОТО) Лавров испровоциран во Скопје

(ФОТО) Лавров испровоциран во Скопје

ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИЧКА ЕЛИТА ВО СКОПЈЕ: Се одржува Министерскиот совет на ОБСЕ (ГАЛЕРИЈА)

ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИЧКА ЕЛИТА ВО СКОПЈЕ: Се одржува Министерскиот совет на ОБСЕ (ГАЛЕРИЈА)

ЖОЛТА ПОТЕРНИЦА ЗА ВАЊА ВО ИНТЕРПОЛ: Сите членки се предупредени за нејзиното исчезнување

ЖОЛТА ПОТЕРНИЦА ЗА ВАЊА ВО ИНТЕРПОЛ: Сите членки се предупредени за нејзиното исчезнување

ОСМАНИ БЛАГОДАРЕН: Еве што објави министерот за надворешни работи

ОСМАНИ БЛАГОДАРЕН: Еве што објави министерот за надворешни работи

АКО ИМА НОВ ВОЕН КОНФЛИКТ НА БАЛКАНОТ: Петровска вели, одговорноста е кај политичките лидерства на тие земји

АКО ИМА НОВ ВОЕН КОНФЛИКТ НА БАЛКАНОТ: Петровска вели, одговорноста е кај политичките лидерства на тие земји