Џамбаски бара да се одземе бугарско државјанство на македонски политичар
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2020 17:13
Во Бугарија има иницијатива да се одзема државјанство на оние македонски граѓани кои земале бугарски пасоши.
Заменик-претседателот на ВМРО, Ангел Џамбаски, ќе поднесе предлог до владата како да им се дава бугарско државјанство на граѓаните на Северна Македонија, но и како да им се одзема на тие што водат во антибугарската реторика и „го оцрнуваат името на Бугарија“. Тој зборува за македонски политичар, но не спомена име.
„Наредните денови ќе му испратам барање на претседателот да му се одземе бугарското државјанство на еден од најжестоките граѓани на Република Бугарија, со најжестоки антибугарски изјави. Човек за кој ние од организацијата бевме сведоци како ласкаше на панихидата на Тодор Александров, какви работи рече, што рече во Скопје и кога го поканив тука во Брисел. А, и присуствуваше на нашите настани, каков Бугарин беше“.Сега постојано плука по Бугарија, и јас ќе го замолам претседателот ова државјанство да му биде одземено, поништено. И веруваме дека во иднина секој што дозволува таква политика ќе биде лишен од бугарско државјанство затоа што тој не го заслужува тоа“, изјави Џамбаски.
Најави и предлог за закон со еднократен ефект, со кој ќе се врати државјанството на сите наследници на поданиците на Кралството Бугарија од 9.9.1944 година или до референдумот, кога Бугарија станала комунистичка република.
65.675 граѓани на Република Северна Македонија се стекнале со бугарско државјанство со декрет на потпретседателот за последните 10 години. Овие податоци ги изнесе министерката за правда на Бугарија, Десислава Ахладова, на пратеничко прашање во бугарскиот парламент.Можеби ќе ве интересира
КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања
АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?
ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст
ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила
Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс




