29 Септември, 2024
0.0259

ЏАМБАСКИ ПАК ПРОВОЦИРА : Македонија е втора бугарска држава на Балканот, Петков да не подлегнува на странски притисоци

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Македонија е Бугарија, втора бугарска држава на Балканот, вели бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, во рекацијата до новиот бугарски премиер Кирил Петков и најавите за нов пристап во односите со Македонија.

Ова тој го напиша на својот фејсбук профил.

„Бугарија веќе неколку дена има новоизбран премиер. За жал, една од првите вести во западниот печат ни соопштува дека ставот на Владата за прашањето на Македонија почнува драматично да се менува. Можеби ова е дел од надворешниот притисок или насловите биле некако изменети. Но, премиерот Петков должи итно објаснување бидејќи бугарскиот став на темата Македонија не може да се смени. Тој почива на основниот факт дека Македонија е Бугарија, втора бугарска држава на Балканот, како што ние од мојата партија постојано изјавуваме“, пишува Џамбаски.

Според него, бугарската позиција не може да биде променета поради притисок од некои западни партнери или од некоја конјунктура, па дури и од финансиите од европските фондови.

„Ова не може и не треба да се случи. Премиерот Петков должи итно објаснување. Во спротивно, ќе мислиме дека подлегнува на притисокот на антибугарските сили и оти игра според нотите на странски агентури и странски земји кои се обидуваат да ја нарушат бугарската позиција за Македонија. Тоа е неприфатливо и недопустливо. Бугарија е над сè, но Македонија е дел од Бугарија. Да живее Бугарија! Македонија е Бугарија“, се вели во пораката од евроамбасадорот Џамбаски до премиерот Петков.


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“