Џеф Безос ги откри трите компоненти на неговата формула за успех во бизнисот
Објавено во: Финансии 01 Февруари, 2018 12:22
Пред неколку дена гигантите Amazon, Berkshire Hathaway и JPMorgan Chase најавија заеднички проект во областа на здравството. Тие планираат да основаат компанија која ќе понуди попристапна здравствена заштита на своите вработени.
По тој повод, извршниот директор на Amazon Џеф Безос (кој е и најбогат човек на светот во моментот) објави свое соопштение во кое ги објаснува причините да се вклучи во иницијативата. Меѓу другото, тој пишува за потребата од иновативни платформи, преземање ризици и промени во системот. И во една единствена реченица ја резимира формулата за успех: „Успехот бара талентирани експерти, умот на почетник и долгорочна ориентација.“
Зошто овие три работи се важни во бизнисот?
1. За да постигнете одлични резултати, потребните ви се паметни луѓе. Не само образовани, туку вешти, страсни, тимски играчи кои поседуваат емоционална интелигенција и способност да најдат ефективни решенија.
2. Звучи чудно што за успехот ќе биде потребен "почетниот ум", но она што Безос го има предвид е дека понекогаш експертите мислат дека веќе знаат се и немаат ништо повеќе за да научат. Почетникот е отворен за нови идеи, има свежо размислување и не се плаши да експериментира.
3. Никој не постигнал значаен успех во еден ден. Потребна е многу трпеливост и силна мотивација. Самиот Безос вели дека долгорочните цели никогаш не треба да се жртвуваат за краткорочни.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





