29 Септември, 2024
0.0256

ЏЕКПОТ: Како се стигнува до 1 милијарда за само еден ден

Објавено во: Анализа 25 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Ова се нарекува џекпот - биотехнолошката компанија го објави напредокот во развојот на лек против рак на дојка, како резултат на што акциите на берзата буквално се лансираа. А во седиштето на еден хеџ фонд во Бостон отворија шампањ. Но се по ред. Во средата акциите на котираните на Nasdaq американска компанија Puma Biotechnology забележаа извонреден раст. Нивната цена се зголеми само во текот на денот со цели 295% - од 60 долари за една до 233 долари. На овој начин пазарната капитализација на компанијата се зголемува до над 7 милијарди долари од 1,77 милијарди долари ден порано, покажуваат податоците на FactSet. Причина за растот - претходната вечер компанијата објави дека еден нејзин лек за лекување на рак на дојка бил успешно тестиран во рамките на клинички тест. Најверојатно Puma Technology ќе се обиде да добие одобрение за лекот во првата половина на следната година. Дали компанијата ќе добие такво одобрение и лекот ќе излезе на пазарот сепак не е неминовен заклучок. Успехот на лекот на Puma беше изненадување дури и за аналитичарите кои ја следат компанијата во детали. Самата фирма го нарече резултатот "изненадувачки позитивни податоци" за лекување, што може да достигне годишна продажба од 6 милијарди долари во светот во 2028 година. Информацијата го подигна расположението во еден хеџ фонд - Adage Capital Management во Бостон, основан од Фил Грос и Роберт Ачинсон кој е најголем акционер во компанијата и поседува околу 5,68 милиони акции. Скокот на цената на акциите од 174,40 долари значи добивка од приближно 990 милиони долари - во рамките на само еден трговски ден. Puma не е првата биотехнолошка компанија, чии акции скокаат остро по позитивни студии за лекови, а најверојатно нема да е и последната. Претходно оваа година акциите на Intercept Pharmaceuticals Inc. поскапеа за повеќе од 500% за два дена по позитивните вести поврзани со терапија за хепатална болест. Акциите скокнаа од под 70 долари до 497 долари. Иако голем дел од овој раст беше загубен, хартиите од вредност сеуште имаат предвиден раст од 200% за оваа година и се тргуваат за околу 230 долари. Поскапувањето на Puma се случува во момент во кој оценките на биотехнолошките компании доаѓаат во центарот на вниманието. Минатата недела претседателот на Федералните резерви на САД Џенет Јелн предизвика сериозни превирања на пазарите, откако изјави дека проценките на мали фирми и акциите на биотехнолошка компании и на социјални мрежи и медиуми "во суштина се многу преценети". Мислењето предизвика протести, бидејки голем број учесници на Wall Street го поставија прашањето дали ФЕД има право да искажува мислења за пазарните проценки на компаниите. К.К.