Џихадистите на Европско тло: Норвешка добила конкретни закани!
Објавено во: Свет 25 Јули, 2014 15:03
Неодамна откако исламските фундаменталисти на подрачјето на Ирак и Сирија над кои ја превземаа контролата и прогласија калифат, низ светот почна да се шири нервоза поради овие немилосрдни здруженија која ги влече корените од Ал Каеда.
Допрва почнаа да пристигаат информации за засилените мерки на безбедност на бројни аеродроми, со оглед на практиката на Ал Каеда да надвор од „својот“ терен напаѓа авиони, а во четвртокот норвешките сигурносни служби наишле на „конкретна закана“ за теросристички напад на оваа богата нафтена држава, пренесуваат хрватски медиуми.
Иако тврдат дека заканата е конкретна, норвешките известувачи не се многу конкретни за тоа. Велат дека се работи за личности кои се поврзани со џихадистите во Сирија.
Шефицата на известувачката служба ПСТ Бенедикте Бјоернланд вели дека нејзината агенција примила тајни информации „од странски партнер за можен напад во следните неколку дена“!
„Немаме податок за можната мета“, признала таа и напоменала дека во ПСТ во минатиот месец откриле дека 50 лица од Норвешка отпатувале за Сирија како би се бореле на страната на исламистите против режимот на Бшар ал Асад, и дека нивната соработка во меѓувреме се вратила во таа скандинавска земја.
Норвешка е позната како мирна земја, но пред неколку година го вкуси стравот на терористички напад кога Андрес Бехринг Бревик убил 77, а повредил дури 319 лица во центарор на Осло т.е на блискиот остров каде собир имала младината на тогашната владеачка странка.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




