16 Април, 2024
0.0293

Џоли поднесе документи до судот: Тврди дека Бред Пит ги давел и тепал децата

Објавено во: Стил 05 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Бред Пит наводно удрил едно од своите деца со тупаница по лицето, а друго го давел за време на расправија со Анџелина Џоли за време на патување со приватен авион, според судските документи поднесени во вторникот од неговата поранешна сопруга.

Тие беа еден од најпознатите холивудски парови, и беа во долготрајна битка за развод, која вклучува старателство над нивните шест деца и битка за поделба на нивниот заеднички имот, вклучително и винарија и имот во Франција.

Во документите кои ги доставила до судот во Лос Анџелес, а ги пренесоа бројни американски медиуми, Џоли го опишува однесувањето на Пит додека парот летал од Калифорнија во Франција со своите деца во септември 2016 година.

„Пит го давеше едното од децата, а другото го удри по лицето“, пишува весникот, повикувајќи се на „Њујорк тајмс“, додавајќи дека во исто време „ја фатил Џоли за глава и ја затресол“.

Во една фаза од расправијата „тој ја полил Џоли со пиво, а во друга ги полил и децата со пиво и црвено вино“.

Во документот се наведува дека „агресивното однесување“ на Пит започнало уште пред да се качи во авионот, кога се скарал со децата и Џоли.

Тепачката започнала во тоалетот на авионот, откако Пит изјавил дека Џоли е премногу попустлива кон децата.

Пит ја фатил Џоли за глава, а потоа ја фатил за раменици и повторно ја затресол пред да ја турне на ѕидот од тоалетот, се вели во документите, а пренесува Variety.

„Кога едно од децата се обидело вербално да ја одбрани нивната мајка, Пит се нафрлил врз него. Џоли го зграпчила одзади за да го спречи. Децата се нафрлиле, обидувајќи се да се заштитат едни со други. Но, во напад на бес, Пит почнал да дави едно дете, а друго да го удира во лицето. Некои деца го молеле да престане. Сите се исплашиле, а некои почнале да плачат“, пишуваат американските медиуми.

По слетувањето, Пит наводно се обидел да го спречи семејството да излезе од авионот и повторно физички малтретирал едно од неговите деца.

Џоли поднесе барање за развод неколку дена по летот.

Во годините што следеа, Пит и Џоли се бореа за старателство над нивните деца, три биолошки и три посвоени, а неодамна и за сопственост на луксузен француски имот што го купија заедно.


Фото: Youtube - screenshoot

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре