Џорџ Клуни загуби облог, ќе мора да плати 100.000 долари?!
Објавено во: Стил
29 Септември, 2014 12:40
Добивај вести на Viber
Холивудскиот актер Џорџ Клуни вчера се ожени за британската адвокатска со либанско потекло Амал Аламудин. Четиридневната церемонија во Венеција се уште трае, но младоженецот веќе треба да испочитува и еден облог.
Клуни, по разводот од актерката Талија Балсам во 1993 година вети дека никогаш повторно нема да се жини, па дури и се обложил со својата колешка Мишел Фајфер дека вечно ќе остане ерген.
Заради загубениот облог, Клуни на Фајфер сега ќе треба да и плати 100.000 долари. Исклучително ценетата британска адвокатка Аламудин, која на 36-години има исклучително успешна кариера, очигледно била доволна причина актерот да признае пораз и да го „одврзе ќесето“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
МАСК СО ОСТАР КОНТРА УДАР - казната од Европската Унија „го извади најлошото“ од технолошкиот милијардер
МАСК СО ОСТАР КОНТРА УДАР - казната од Европската Унија „го извади најлошото“ од технолошкиот милијардер