ДЗР: Се зголемува зависноста на Фондот за ПИОМ од Централниот Буџет!
Објавено во: Економија 08 Септември, 2016 09:00
Извор Државен завод за ревизија
Ревизорот посочува дека меѓу причините за зголемувањето на учеството на трасферите во вкупните приходи се и одредбите од Законот за дополнување на Законот за ПИО. Според тие одредби, во стаж на осигурување се смета и времето за кое е утврдено ослободувње на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување по поднесено барање според Законот за вработувње и осигурување во случај на невработеност.
„Со овие акти работодавачот од приватниот сектор ќе биде ослободен од плаќање на придонес доколку ги исполнува условите предвидени во зконот.Согласно наведеното до Фондот се поднесени барања од сите категории на осигуренци, вкупно 20.949 за кои не е предвидено, кој ќе врши плаќње на придонесите на осигуренците, со што фондот во периодот за периодот 2015-2019 година согласно направените пресметки нема да оствари од наплата на придонес во износ 2.068.000.000 денари, а ќе има обврска да го признае стажот при утврдување на пензиската основица за исплата на лицата вработени по овие закони“, се посочува во извештајот.
Во извештајот се наведува дека бројот на пензионери од година во година расте, кој од околу 280 илјади пред пет години, сега достигнал над 300 илјади.Паралелно растеле и издатоците за исплата на пензиите.
Извор Државен завод за ревизија
Овластениот ревизор посочуваа дека лани државниот фонд не го уплаќал задолжителниот процент од придонесите во приватните фондови, што според ревизорот влијае на начинот на користење на средствата и оневозможување на приватните пензиски фондови благовремено да располагаат со средствата.
„Согласно член 124 од Законот за ПИО Фондот има обврска да воспостви евиденција на податоците за осигуренците од вториот пензиски столб и да изврши распределба на вкупниот придонес за првиот и вториот столб на пензискиот систем, а по добивањето на средствата на месечна основа да изврши пренос во корист на приватните пензиски фондови. Фондот во известувачкиот период по извршената распределба нема дозначено средства од уплатениот придонес од ПИО на вториот пензиски столб , односно на приватните пензиски столбови во износ од 838.704.000 денари кои се евидентирани како обврска само на крајот на годината“, се наведува во извештајот .
Сепак овластениот ревизор посочува дека состојбата е надмината на почетокот на годинава, кога по претходно добиени средстваа фондот ги подмирил обврските кон приватните фондови. Но при тоа овластениот ревизор препорачува наделжните органи за управување и раководење со Фондот за ПИОМ и стручната служба во рамки на своите надлежности да преземат активности за навремено евидентирање на обврските кон приватните фондови и нивно навремено плаќање.
Инаку, кон крајот на декември лани, во јавноста се обелодени дека државниот фонд доцни со уплатата на задолжителниот процент за придонеси во приватните пензиски друштва. Раководството на ПИОМ прво негираше, па потоа призна дека има проблем но дел од вината ја префлри кај компаниите и кај МАПАС.По неколкунеделно препукување со ресорното министрство, ПИОМ одеднаш најде 11,3 милиони евра за комплетно да го исплати долгот, не не откри од каде ги најде парите.
Т.С
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




