Добивај вести на Viber
Индексот на цените на угостителските услуги во декември оваа година, во споредба со ноември останува на исто ниво, соопштуваат од Државниот завод за статистика.
Според последните податоци, индексот на цените на угостителските услуги во декември оваа година, во однос на истиот месец лани пораснал 0,4 отсто.
Слична е состојбата и во однос на 2011 та година. Имено индексот на цените на угостителските услуги за периодот јануари - декември минатата година, во однос на истиот период од 2011 година, остана на исто ниво, додека во однос на декември 2011 година е зголемен за 0,3 отсто.