ДЗСИ УТВРДИ ПРОПУСТИ: Димитриевски ќе биде казнет
Објавено во: Македонија 26 Април, 2020
Низа пропусти утврдил Државниот здравствен и санитарен инспекторат во случајот со градоначалникот на Куманово. Градоначалникот Максим Димитриевски, смеел да го напушти својот дом само во случај на влошување на здравствената состојба и тој требало да биде транспортиран исклучиво до соодветно инфективно одделение, рече денеска директорката на инспекторатот Ирина Сотирова-Бухова. Димитриевски еднаш беше позитивен, а потоа објави дека на своја иницијатива сам отишол да направи контрола во приватни клиники.
„Во итната службата евидентирани се М.Д и лице Г., како итни случаи. По направената ренген сликата, за едниот е препишана веќе пропишана терапија, а за другиот дека нема потреба од терапија и се упатуваат на домашно лекување. Истите се секојденво контактирани од матичните лекари и немаат дадено податок за влошување на здравствената состојба. Лицата за кои на 16 април е издадено решение за домашно лекување, не постапиле по решението. Тоа е казниво, за што ќе се изрече прекршочен прекршок од 300 до 600 евра, рече Бухова.
Другите пропусти се во однос на постапувањето на Итната медицинска помош.
ДСЗИ спровел два вонредни инспекциски надзори во Куманово за утврдување на фактичката состојба во болницата и во општината во однос на почитување на протоколите.
„Констатирано е дека првото тестирање е извршено на 26 март на 28 лица од Кризниот штаб на Куманово и добиени се 28 негативни резултати. На 12 април беа земени 38 бриса и добиени се 5 позитивни резултати и издадени се решенија за 37 контакти. И првото и второто тестирање поминале без епидемиолошка анкета, сите тестирања се спроведени како скрининг, епидемиологот спровела скрининг. Ова е прекршок според Законот за заштита на населението од заразни болести.
Друг прекршок е сторен кога се земени брисевите во просториите на општина Куманово, што е спротивно на протоколите. Брисеви се земаат исклучиво во објекти на јавното здравје. Сторена е повреда на лица за непочитување на домашно лекување, непостапување по решение. Утврдена е неправилна евиденција во службата за итна медицинска помош, каде што во тек е вонреден стручен надзор“, изјави директорката на ДСЗИ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.