Добивај вести на Viber
Германскиот енергетски концерн E.ON има намера да ја напушти работата во јужна Европа и да ги продаде своите удели во претпријатијата во Италија и Шпанија.
Како што објавува германскиот весник Шпигел, претседателот на компанијата Јоханес Тајсен, ја најавил намерата на E.ON во иднина да биде концентриран на неколку клучни пазари, како што се Велика Британија, Шведска и Русија.
Тој одбил детално да ја објасни најавата на раководството на концернот, но рекол дека компанијата постојано ги проверува стратешките опции кои се однесуваат на целокупното портфолио на компанијата, пренесе Итар тас.