28 Септември, 2024
0.0243

ОВА Е ДРЖАВА: 6.000 франци е средна плата во Швајцарија!

Објавено во: Анализа 30 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Средната бруто плата во Швајцарија во приватниот сектор изнесувала 6.118 франци во 2012 година, соопшти Федералниот завод за статистика. Тоа значи дека половина од вработените заработиле над овој износ, а половина под него. Во период од 10 години, средната бруто плата пораснала за 13,4 отсто, прецизира Заводот во своето соопштение кое го цитираат швајцарските медиуми. Растот на платата во истиот период посебно бил изразен кај топ менаџерите, додека 10 отсто од вработените во категориите со пониски примања заработувале помалку од 3.886 франци месечно. За овој период од десет години (2002 - 2012), средната плата на целосно ниво пораснала номинални 13,4 осто, но разликите по категории се зголемени. Така, растот на платите кај вработените со повисоки примања изнесувал 22,5 проценти, додека кај послабо платените бил лимитиран на 9,5%. Ситуацијата е уште полоша кога се има в предвид куповната моќ, па така платите на подобро платените работници, реално пораснале за 7,1%, додека кај оние во категоријата со пониски примања опаднале за 0,6%.  Уште една негативна тенденција се бележи кога станува збор за разликата во плата помеѓу мажи и жени која со текот на времето е намалена, но во последните две години од анализираниот период сепак е зголемена за 0,5%, преминувајки 18,9 отсто во корист за заработката на мажите. Овој јаз се објаснува со разликата во стручната способност или работното искуство. Меѓутоа, Заводот констатира дека јазот е приметлив и кај потполно исти профили, на штета на жените. На пример, жени на возраст од 40 до 49 години кои обавуваат некоја високо раководна позиција заработуваат просечно 25,1 процент помалку од мажите на потполно исти позиции. Во сојузот на синдикати пак истакнуваат дека разликите во плата на родова основа во Швајцарија се помали отколку на глобално ниво и ги објаснуваат со состојбата на "дух". Според нивните оценки, мажите се во предност затоа што се подготвени да прифатат вонредни активности и прекувремена работа, додека жените сакаат регулирана работа и услови за работа кои исклучуваат неочекувани ситуации и барања на работодавачите. К.К.