05 Декември, 2025
0.0282

ЕБОР: Албанија гази стабилно, Србија ја јаде инфлација

Објавено во: Балкан, Економија 26 Октомври, 2012 16:34

Добивај вести на Viber

ФАКТОР ви ги пренесува во детали наодите на Европската банка за обнова и развој на земјите од регионот, при што ЕБОР ја издвојува Албанија како економија која чекори најстабилно, а изразува загриженост за високата инфлација во Србија.

Албанија

2012 +0,6%

2013 +1,3%

„ Продолжува да расте побрзо од другите земји во регионот во 2011 година. Регистрирано е значително забавување на економската активност во првата половина на 2012 година кое главно се должи на слабите перформанси на нејзините клучни пазари ,ЕУ, Грција и Италија. Овие фактори и следната година ќе го ограничуваат растот а јавниот долг , што е блиску до законскиот лимит од 60 проценти од БДП, ќе го ограничи просторот за фискален маневар.“

Босна и Херцеговина 2012 + 0,1% 2013 +0,4% „Економијата на Босна и Херцеговина е релативно стабилна во изминатите неколку години, но домашната потрошувачка остана ограничена а тоа главно се должи на фискалните мерки за штедење, намалување на дознаките и бавен кредитен раст. Индикаторите укажуваат на значително слабеење на економијата оваа година, што исто така влијаеше врз јавните финансии.“ Бугарија 2012 +1,2% 2013 +1,7% „Владата продолжува да се придржуваа до фискална внимателност, со буџет што маргинално е во суфицит во првите осум месеци од годината. Ова се одрази на успешно издавање на еврообврзница во јули 2012 година. Бугарија има значајни фискални и монетарни амортизери за да и помогне на земјата да издржи дополнително шокови, но растот во 2012 година најверојатно ќе биде околу 1 отсто а скромна е прогноза пораст и во 2013 година.“ Србија 2012 -0,7% 2013 + 1,1% „Економијата на Србија покажува неколку слабости во моментов. Економскиот раст во 2011 та година беше околу 2 отсто , но сега се предвидува да биде негативен во 2012 година. Големи ризиците остануваат, главно од изложеност кон еврозоната, а инфлацијата е во пораст повторно и достигна двоцифрена нивоа во септември. Дополнително влијаеа и домашните политики што влеваа несигурност во периодот до и за време на изборите. Според програмата на ММФ , Владата се соочува со голем предизвик за намалување на фискалниот дефицит (во моментов околу 7 отсто од БДП) и соборување на јавниот долг, кој се подигна на ниво од 60 проценти од БДП.“

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година