28 Септември, 2024
0.0237

Бизнисмените не се задоволни од силното евро

Објавено во: Анализа 26 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Некои од најголемите имиња во европскиот бизнис ja комплицираат уште повеќе моменталната дилема со која се соочува претседателот на Европската централна банка Марио Драги. Случајот е поврзан со упорно силното евро, кое продолжува да го зема својот данок врз приходите во регионот. Иако ЕЦБ традиционално има за цел да создаде своевиден баланс помеѓу растот на потрошувачките цени и вработеноста, големите компании се уште се надеваат Драги и да ја намали куповната моќ на единствената валута. Ова може да се случи преку вербални сугестии во насока на натамошно ублажување на монетарната политика, иако се повеќе инвеститори очекуваат активности, а не зборови. Сепак во Амстердам претседателот на ЕЦБ со својот говор по повод иднината на монетарната политика на Стариот континент, повторно изјави дека зголемувањето на курсот на еврото би можело да ја поттикне институцијата кон дејствија. Eдна од овие компании е холандскиот конгломерат Philips, кој се надева на слабеење на валутата. Компанијата се пожали на "значително валутно влијание" при презентирањето на финансиските резултати за првите три месеци на 2014 година претходно оваа недела. Приходите на производителот на декоративни бои AkzoNobel исто така беа погодени поради "неповолни девизни ефекти", откако еврото се покачи по драстичниот пад на валутите на земјите во развој земји во Азија и Латинска Америка. Германската софтверска компанија SAP пак соопшти минатата недела дека нејзиниот профит ќе биде засегнат со околу 5 процентни поени во 2014 година, ако силата на еврото остане со сегашниот курс. Проблемите за компаниите од регионот доаѓаат на позадината на глобалната валутна девалвација, која ги  зафати пазарите по светската финансиска криза во 2008 година, САД и Јапонија продолжуваат да пумпаат ликвидност во економијата, што доведе до зајакнување на вишокот на парични средства во системот. Иако Банката на федерални резерви е на пат да заврши со сеопфатните квантитативни олеснувања, доларот се уште е далеку од очекуваното поскапување. Намалувањето на купувања на средства во САД сепак предизвика паѓање на средствата на новонастанатите пазари. Според Гема Годфри, шеф на единицата за инвестициски стратегии во Brooks Macdonald девизните војни понатаму ќе бараат повеќе од барања за корекција во политиките. "Влијанието на девизните пазари ќе биде индиректно и само реториката едвај ќе биде во можност да се справи директно со проблемот" силно евра "", посочи аналитичарот. Драги е се повеќе загрижен за влијанието што паричното средство го има врз цените, иако еврото технички сеуште е во рамките на "фер" вредност во однос на доларот, смета тој. Додава  дека не може да поверува зошто европските компании "лелекаат" за силата на единствената валута. "Еврото е речиси во својат долгорочн просек ... несомнено многу луѓе во бизнисот би сакале тоа да биде пониско, но и тие ќе треба да одат на одмор во Швајцарија во текот на неколку дена", коментира иронично. K.K.