29 Септември, 2024
0.2348

Economist: Путин ја забрзува сопствената самоизолација!

Објавено во: Анализа 14 Август, 2014

Добивај вести на Viber

"Изолација", "консолидација" и "самостојност" се различни термини кои се користат од политичкaтa и бизнис елита на Москва, кои значат едно исто нешто. Соочувајки се со меѓународните санкции наметнати поради анексијата на Крим и поддршката за проруските сепаратисти во Украина, Русија се подготвува да се затвори уште повеќе во спротивставувањето со Западот. Таа се залага за долг период на дипломатско непријателство и економски тешкотии, пишува The Economist. Овој процес сега изгледа се забрзува. На 6 август Кремљ одговори на западниот притисок, со наметнување ембарго врз земјоделскиот извоз на земјите кои и наметнаа санкции на Русија. Во меѓувреме тензиите во источна Украина растат. Украинските сили го неутрализираа отпорот на бунтовниците во Доњецк со артилериски напад. Путин е во искушение да го спаси кредибилитетот на сепаратистите кон него, откако испрати во Украина руски војници под изговор дека чуваат хуманитарен конвој. Според податоците на НАТО на руско-украинската граница има наредени 20 илјади руски војници. Тие практикуваат воени вежби, какви и во минатото биле вршени при подготовка за инвазија. Дури и тие да не ја преминат границата, конфронтацијата меѓу Русија и Западот изгледа ќе продолжи додека Путин управува, а можеби и потоа. Зголемувајќи ја поддршката за проруски бунтовници по несреќата на летот MH17 над Украина, Путин покажа дека за него сопственото разбирање за историската судбина на Русија е поважна од економската благосостојба и угледот на неговата татковина. Тој презема ризик бидејки се надева дека преку оспорувањето на воспоставениот по Студената војна ред ќе жнее успеси и со тоа ќе го компензира влошувањето на животниот стандард во земјата. Неправилно е Путин да биде виден како "трговец", посочува пратеник од Државната дума, член на партијата на претседателот "Обединета Русија". Тој е "историска фигура", која ќе ја претвори Русија во самостоен центар на сила и влијание. Минатиот месец Путин најави пред рускиот Совет за безбедност, дека "за среќа Русија не е член во никакви сојузи", што тој го опиша како "гаранција за државниот суверенитет". Новиот конфликт меѓу Русија и Западот нема да биде борба помеѓу суперсили, најмалку бидејќи денес Русија нема идеологија која се шири надвор од нејзините граници. Во интервју за The Economist американскиот претседател Барак Обама истакна дека прашањата кои се јавуваат околу Русија, се "исклучиво регионални". Кремљ гордо изјавува дека ќе ги замени западните намирници со домашни. Замената на увозот би можело да функционира, ако производителите веќе не работеа со речиси целосно оптоварување на капацитетот и при итна потреба од нови инвестиции, кои ќе бидат ограничени со намалување на туѓото финансирање. Резервите на државата во вредност од 173 милијарди долари во државни инвестициски фондови акумулирано во текот на годините од обилни добивки од продажба на нафта, ќе бидат стоп за да се стабилизира рубљата и да се исплатат долговите на државните банки и фирми. "Тоа нема да не убие, но ќе ни создаде проблеми", коментира пратеникот од "Обединета Русија". Путин ќе треба да ги подигне финансиските ресурси на Русија во потполност, ако сака да ги исполни ветувањата за социјалните трошоци кои ги направи кога се врати на претседателската функција во мај 2012 година. Тогаш Русија предвиде раст на БДП од 5% годишно. Сега, ММФ очекува руската економија да се прошири само 0,2% во 2014 година Путин веќе предложи воведување на 3 проценти данок на промет, кој треба да помогне за пополнување на дупките во регионалните буџети. Овие проблеми се уште не му штетат на Путин. Напротив, тој е попопуларен од било кога и неговата стратегија се покажа исклучително ефикасна. 74% од Русите имаат негативно мислење за САД, што е највисоко ниво во постсоветската историја на Русија, покажува истражувањето на московскиот тинк-тенк Levada Centre. Конфронтацијата со Западот "отпочна голема маса незадоволство", акумулирано во годините по колапсот на Советскиот Сојуз, вели директорот на Levada Centre Лев Гудков. K.K.