ЕДЕН ЧОВЕК Е ПОВРЕДЕН: Мечка со камења гаѓала автомобил во Црна Гора
Објавено во: Балкан 19 Август, 2025 17:07
Мечка со камења гаѓала автомобил во Црна Гора, при што едно лице е повредено.
Нападите од мечки во северните општини на Црна Гора не се невообичаени во последните месеци, домаќинствата долго време стравуваат за својот добиток, а сега, според сите извештаи, нападите врз луѓе се појавија во прв план.
Најновиот случај се случил утрово на патот кон Горна Морача, кога двајца селани се соочија лице в лице со диво животно. Вељко Ранковиќ, еден од учесниците во немилиот настан, за порталот RTCG изјави дека тој и неговиот пријател Никола Мештер, враќајќи се од планината во селото, несвесно станале мета на нападот. Според него, мечката фрлила камен кон нив додека биле во автомобилот, во кој тој се здобил со повреда на рамото.
„Утрово околу десет часот тргнавме од планината кон селото, јас и мојот пријател Никола Мештер. Јас бев патник, тој беше возач. Претходно слушнав дека има мечки во таа област, но никогаш порано не сме сретнале таква. Беше на околу педесет метри оддалеченост и не ја видовме сè додека не фрли камен кон нашиот автомобил. Излеговме, почувствував болка во рамото и дури тогаш сфативме што навистина се случило. Ја повикавме службата за ловџиство и полицијата. Дури кога излеговме од возилото ја видовме над патот“, рече Рнковиќ.
Дека опасноста е сериозна потврди и ловџискиот чувар Милинко Луковац, кој пристигна на местото на настанот кратко време по пријавата. Тој објасни дека ударот на каменот бил толку силен што скршил два прозорци на автомобилот, и само со чиста среќа била избегната трагедија.
„Момчињата што ги нападна мечката се враќаа од планината кон селото, кога одеднаш се слушна тресок. Два прозорци беа скршени, на возачот и на оној зад него. Камен влета во автомобилот и го погоди совозачот во рамото, а потоа застана во близина на менувачот. Среќа е што ударот не беше посилен, инаку човекот ќе беше убиен. Пристигнав половина час по инцидентот, дојде и полицијата и беше направен записник“, рече Лутовац.
Жителите на северна Црна Гора со месеци предупредуваат за проблемот, а мечките сè повеќе се спуштаат во населбите, уништуваат имоти и напаѓаат добиток. Најновиот инцидент покажува дека тие сега се директна закана за луѓето, пишува РТЦГ.
foto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





