05 Декември, 2025
0.0453

ИМА ЛИ „ЧАД“ ОКОЛУ БАНКАТА, ИЛИ СЕ САМО СИТНИ АКЦИОНЕРСКИ ПРЕГРУПИРАЊА - се продаде нов блок на Стопанска Битола за 78 илјади евра

Објавено во: Финансии 24 Април, 2025 11:05

Добивај вести на Viber

Вчера се продала нова количина акции на Стопанска банка Битола, преку блок трансакција на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. 

Според податоците од Берзата, продадена е количина од 1.366 акции, по цена од 3.500 денари за акција, така штои вкупната сума на зделката е 78 илјади евра.

Оваа количина акции, која изнесува 0,35 отсто од вкупниот акционерски капитал на банката, е многу помала количина и акционерски пакет во споредба со оној кој се продаде минатата недела, и кој тежеше 4,99 отсто од акциите со право на глас во банката, а за кој беа платени нешто повеќе од еден милион евра. 

Инаку, на редовниот пазар расте цената на акциите на Стопанска банка Битола, и вчера таа достигна безмалку 3.565 денари за акција, иако беше истргувана мала количина од 31 акција. Во последниов период постојано расте цената на акциите на редовбниот берзански пазар.

Што се случува и кој купува, а кој продава акции, засега не е познато. Како официјална останува објавата која ја дадоа во јавнпоста Пелистерка и Тимох, кои заедно поседуваат 21,85 отсто од акциите, и кои соопштија дека за секоја трансакција на над 5 отсто од акциите на банката, дозвола треба да даде Народна банка на Македонија. Односно тие тогаш апелираа до акционерите да не наседнуваат на шпекулации дека банката ќе се продава.

А, минатата недела преку блок поминаа 4,99 отсто од акциите на Стопанска банка Битола за сума од над еден милион евра. Централниот депозитар за хартии од вредност секој прв ден од работната недела ги објавува ревидираните состојби на сопственичката структура на компаниите, а според најновата, Стопанска банка Битола повторно има само еден сопственик со акционерски капитал над 5 отсто, а тоа е компанијата „Пелистерка“, со 16,99 отстоТоа значи дека оној што ги купил 4,99 отсто од акциите е нов акционер во банката, бидејќи доколку имал и сосема мала количина акции, ќе надминеше 5 отсто и ќе се појавеше во акционерската структура на ЦДХВ. 

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката