ДУРИ 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОСТАНАТ КАКО ЗАДРЖАНА ДОБИВКА - еве зошто акционерите на Стопанска банка Битола нема да добијат дивиденда
Објавено во: Финансии 22 Април, 2025 12:47
Банката лани се стегна и оствари солидна добивка, особено ако се има предвид дека претходната 2023 година ја заврши со негативен резултат, што се смета за значаен успех, но акционерите нема да поделат дивиденда, а и не можат да го сторат тоа.
Стопанска банка Битола, како што веќе пишувавме, минатата година ја заврши со добивка од одлични 2,5 милиони евра, наспроти огромната загуба од 3,1 милиони евра во 2023-та.
„Позитивниот финансиски резултат се должи на задржаниот висок оперативен резултат (од 117,37 милиони денари – 1,91 милиони евра –н.з.), засилената активност за наплата на нефункционалното портфолио на Банката, како и на пониското ниво на исправка на вредност на нефункционални пласмани во однос на претходната година“, објаснија од банката како дошло до овој позитивен пресврт во финансискиот резултат, а што може да се прочита во нејзиниот годишен извештај за минатата година.
Но, таа добивка нема да се исплати како дивиденда на акционерите, туку, Собранието на акционери на седницата што ќе се одржи на 21 мај оваа година, ќе гласа за одлуката таа да се распореди како акумулирана добивка ограничена за распределба на акционерите.
Од банката, во своето образложение, објаснуваат дека, имајќи ги предвид одредбите на Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот и критериумите што треба да се исполнат за основниот капитал, овој износ е безусловно неповратен, односно не постои можност за негово откупување, повлекување или исплата.
„Овој износ Банката ќе го евидентира во задржана добивка ограничена за распределба на акционерите односно на конто 90601 - Задржана добивка - Ограничена за распределба на акционерите. Распоредувањето и употребата на добивката се вршат во согласност со членови од Статутот на Банката и членови од Законот за трговските друштва. Во согласност со споменатите членови, добивката по оданочување се предлага да се распореди во акумулирана добивка ограничена за распределба на акционерите, која не може да се искористи за исплата на дивиденда, а може да се искористи за покривање на загуба или за зголемување на основната главнина со запишување акции“, се вели во образложението што го дала банката.
Надзорниот одбор на Банката на својата редовна седница одржана на 16 април годинава ја одобрил ваквата предлог одлука, и му се предлага и на Собранието да ја усвои на седницата што ќе се одржи на 21 мај.
Инаку, во годишниот извештај на Стопанска банка Битола се наведува дека нејзиниот капитал и резервите на крајот на 2024 година изнесуваат 1.756,49 милиони денари. Следствено на тоа, стапката на адекватност на капиталот на 31 декември лани достигнала 27,37 отсто. Од банката велат дека тоа ќе им овозможи да го зголемат кредитирањето, а со тоа и профитабилноста.
„Ова е силен показател за стабилноста на Банката и потенцијалот за натамошен раст и развој, особено преку подинамично кредитирање како основа за профитабилно работење“, се наведува во годишниот извештај.
Останатите обврски изнесуваат 104,94 милиони денари и на годишна основа се повисоки за 48,51 отсто. Во оваа позиција се вклучени обврски врз основа на провизија, обврски кон добавувачи, разграничени приходи, посебна резерва за вонбилансна изложеност, обврски по даноци, како и други обврски.
Инаку, во минатата недела, преку блок трансакција, беше продадена значајна количина акции на Стопанска банка Битола, за сума од 1,07 милиони евра. Продадени беа 19.500 акции, по цена од 3.377 денари за акција, или вкупната сума на зделката е 1,07 милиони евра. Оваа продадена количина на акции е пакет од 4,99 отсто од вкупниот акционерски капитал на таа банка. Ова е сосема малку понизок процент од оној со кој акционерот излегува во состојбата на Централниот депозитар за хартии од вредност, што значи дека ако купувачот е некој што досега немал акции, тој ќе успее да се скрие од јавноста, бидејќи нема да излезе неговото име. Но, ако купувачот досега имал акции, тоа веќе денеска ќе треба да се види во ревидираната акционерска листа објавена на Централниот депозитар за хартии од вредност.
Во овој момент, согласно со последната состојба, но пред да се случи блок трансакцијата, во Стопанска банка Битола како и досега, единствен акционер со над 5 отсто, е „Пелистерка“, која поседува 16,99 отсто од акциите. Но, не е тајна дека „Пелистерка“, заедно со неа поврзаната компанија „Тимох“, контролираат заедно 21,85 отсто од акциите на Стопанска банка Битола.
На почетокот на овој месец, овие акционери се огласија со соопштение до медиумите, во кое децидно нагласија дека нивната банка не е на продажба. Оттаму тврдеа дека не постои никаква одлука од Акционерско собрание на банката за нејзина продажба.
„Како носители на 21,85 отсто од акциите на Стопанска банка АД Битола и во својство на квалификувани акционери сакаме да им укажеме на сите други помали акционери, севкупната македонска јавност како и на одредени засегнати страни дека банкарскиот пазар во Македонија е целосно регулиран преку Народна банкана Република Северна Македонија.Сакаме да потенцираме дека секоја информација во однос на било каква трговија со акциите на Стопанска банка АД Битола, а поголема од 5 отсто мора да биде одобрена од Народна банка на Република Северна Македонија. Исто така секој потенцијален инвеститор кој има намера да се стекне со поголем дел од акциите, најпрво мора да добие одобрување од НБМ, па дури потоа да достави соодветна понуда до акционерите.Секоја постапка како и евентуални преговори без следење на оваа законска регулатива и без вклученост на НБМ се во сферата на шпекулативни информации и дополнително укажуваме на постоење на основани сомневања за кривична одговорност. Како квалификувани акционери сакаме јавно да информираме дека до овој момент не постои одлука на Акционерско собрание за продажба на Стопанска банка АД Битола и никој не може да ја донесе истата без согласност на мнозинството акционери“, беше нагласено во тогашното соопштение од најголемиот акционер на банката.
Како што е познато, своевремено имаше обид Комерцијална банка да ја преземе Стопанска Битола, но тој не успеа.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





