Еден маж заклан и шестмина повредени во Хамбург, напаѓачот е од ОАЕ
Објавено во: Свет 29 Јули, 2017
Една 50-годишна жена и четворица мажи на возраст меѓу 19 и 64 години се прободени, а 35-годишен маж е повреден, додека помагал да биде соборен напаѓачот.
„Ние сме во рана фаза од истрагата. Во моментов не можеме да исклучиме ништо. Ги истражуваме сите релации”, посочуваат од полицијата на прашањата дали станува збор за терористички напад.
Очевидец кој избегал од нападот во блиска продавница, коментира пред германската телевизија NTV дека напаѓачот изгледал “брз и збунет, а не како некој, кој планирал напад”.