29 Септември, 2024
0.0266

Еден од противпожарните авиони е во Шпанија, другите два чекаат ред за сервис

Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber


Дирекцијата за заштита и спасување ја започна новата 2022 година со непоправени противпожарни авиони. Иако договорот со шпанската компанија „Titan Firefighting Company S.L. беше потпишан лани во октомври, оттогаш до сега не е поправен ниту еден противпожарен авион. Еден од нив моментално се сервисира во Шпанија. Дирекцијата располага со три такви авиони, но ниту еден од нив не е моментално во функција, пишува Алсат.

„Процесот на поправка започна, еден од авионите е во Шпанија додека за другите два има динамичен план. Првиот авион е веќе таму и според сите проценки ќе се врати на крајот на февруари и ќе биде функционален за гаснење пожари“, соопшти Дирекцијата за заштитаа и спасување.

Сервисирањето на авионите ќе се врши во фази. За еден авион поправката ќе трае до 60 дена, по што ќе биде испорачан другиот. Ако првиот авион заврши во февруари, тогаш последниот авион треба да биде готов во јуни.

Договорот со „Титан“ за поправка на три летала чини 400 илјади евра. Покрај овие средства, државата платила и над 265 илјади евра за осигурителни компании бидејќи за да се поправат авионите мора да бидат осигурани. Во тек е постапката за набавка на керозин во вредност од 40 илјади евра. Конечната цена за авионите што ќе бидат пуштени во употреба ќе достигне и до над 700 илјади евра. Иако ова се високи суми, мора да се земе предвид клучната улога на авионите за гаснење пожари. Минатата година за време на големите пожари, тие беа приземјени додека државата мораше да побара помош однадвор.


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“