26 Јануари, 2025
0.1322

Еден од загинатите во пукањето во северно Косово е телохранителот на Вулин

Објавено во: Балкан 27 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Приштина тврди дека еден од убиените во пукањето во северно Косово кое се случи во неделата е телохранител на шефот на српските разузнавачи, Александар Вулин. 

Министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечља објави дека еден од тројцата вооружени српски напаѓачи, убиени во неделата во акцијата на косовската полиција во Бањска кај Звечан, е телохранител на шефот на Агенцијата за разузнавање во Србија (БИА), Александар Вулин, јави дописникот на МИА од Приштина.

Свечља објави фотографија од убиениот Бојан Мијаиловиќ, за кого тврди дека како телохранител го придружувал Вулин при неговата посета на Косово во 2013 година, како тогашен министер за внатрешни работи.

„Вчера преку видео снимки го докажавме присуството на веле-криминалецот и водач на терористичката акција, Милан Радојичиќ. Во меѓувреме, денеска е потврдено дека еден од убиените, кој исто така бил учесник во тој чин, е Бојан Мијаиловиќ, телохранителот на шефот на српската БИА, Александар Вулин, при неговата посета на Република Косово во 2013 година“, напиша Свечља.

Вели дека Србија е целосно вклучена во нападот кој се случи на Косово. 

Специјалното обвинителство во Приштина денеска информираше дека ослободило четворица осомничени за престрелката во Бањска, поради недостиг на докази дека тие се вмешани во случајот.

Завршена е акцијата за пребарување на околината на селото Бањска во општина Звечан. 

Милован Дрецун, член на СНС на Вучиќ, воен аналитичар и претседател на парламентарната комисија за Косово и Метохија, за српски Блиц изјави дека не се сомнева дека ситуацијата на северот на Косово и Метохија ќе експлодира.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТ ТЕКСТИЛЕН ГИГАНТ ЗАТВОРА ПРОДАВНИЦИ - само на Балканот 260 вработени останаа без работа

ПОЗНАТ ТЕКСТИЛЕН ГИГАНТ ЗАТВОРА ПРОДАВНИЦИ - само на Балканот 260 вработени останаа без работа

ХРТ ПЛАНИРА МАСОВНИ ОТПУШТАЊА - 800 работници ќе останат без работа, еве колкава ќе биде максималната отпремнина

ХРТ ПЛАНИРА МАСОВНИ ОТПУШТАЊА - 800 работници ќе останат без работа, еве колкава ќе биде максималната отпремнина

Почина архиепископот Анастасиј кој ја заживеа Албанската православна црква

Почина архиепископот Анастасиј кој ја заживеа Албанската православна црква

Уште една студентка удрена со автомобил на протест во Србија

Уште една студентка удрена со автомобил на протест во Србија

„КАЖЕТЕ ШТО НЕ Е ИСПОЛНЕТО“: Вучиќ ги повика студентите на дијалог

„КАЖЕТЕ ШТО НЕ Е ИСПОЛНЕТО“: Вучиќ ги повика студентите на дијалог

СРПСКИ СТУДЕНТ: Запревме автобус кој требаше да оди на митингот на Вучиќ во Јагодина

СРПСКИ СТУДЕНТ: Запревме автобус кој требаше да оди на митингот на Вучиќ во Јагодина

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) НА ПРОТЕСТИТЕ ВО БЕЛГРАД: Девојка со автомобил покоси студентка

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) НА ПРОТЕСТИТЕ ВО БЕЛГРАД: Девојка со автомобил покоси студентка

ФОТО: БРАВО ЗА ХРВАТИТЕ, ПРАЗНИ ПАРКИНЗИ ПРЕД СИТЕ МАРКЕТИ: Погледнете како изгледа бојкот поради скапотијата

ФОТО: БРАВО ЗА ХРВАТИТЕ, ПРАЗНИ ПАРКИНЗИ ПРЕД СИТЕ МАРКЕТИ: Погледнете како изгледа бојкот поради скапотијата

Црногорскиот МНР не отпатувал на инаугурацијата на Трамп, иако бил единствен поканет

Црногорскиот МНР не отпатувал на инаугурацијата на Трамп, иако бил единствен поканет