„ЕДЕН ПАЦИЕНТ СЕ ВРАЌА ОД СТРАНСТВО, ЗА ЖАЛ КАЈ НЕКОИ СОСТОЈБАТА Е ВЛОШЕНА“: Таравари ги соопшти најновите информации
Објавено во: Македонија 25 Март, 2025 11:11
Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска на редовната прес конференција соопшти нови информации за состојбата на хоспитализираните пациенти. Рече дека во скопските болници ќе останат 27 кои ќе го продолжат лекувањето, откако денеска се очекува испишување на 12 пациенти.
-Хоспитализирани пациенти ќе останат само на Клиниката за пластична хирургија и на Клиниката за токсикологија, а во старата градска болница, Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, ќе останат шест пациенти. На Детската клиника повеќе нема да има пациенти, оттаму денеска се испишуваат двајца. За жал, во клиниките во странство каде што се лекуваат 115 пациенти, критични и понатаму остануваат четири-пет, кај некои состојбата и се влошува. Секако, нашите колеги прават се за да може пациентите да го поминат овој тежок процес. Добра вест е што еден пациент во текот на денот треба да биде вратен од Белград. Тој задолжително ќе биде хоспитализиран 24 часа, откако ќе биде направена тријажа, ќе биде сместен во некоја од клиниките, истакна Таравари.
Додава, дека денеска тим од Клиниката за пластична хирургија веќе е во Кочани за да не мора пациентите да патуваат до Скопје. Истовремено, Таравари потенцираше дека веќе имаат понуди од неколку европски држави за да примат пациенти на кои ќе им бидат подолготрајна. рехабитилација.
-Веројатно на потешките пациенти ќе им треба подолготрајна и попрофесионална рехабитилација, па во наредните денови ќе ве информираме каде би биле сместени, рече Таравари на денешната прес конференција.
А. Б.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верниците го слават Велигден, а политичарите повикаа на сплотеност

ПОВРЕДЕНИОТ ЕФТИМОВ РАБОТИ СО ТИМОТ: Ќе има онлајн решение преку кое секој граѓанин ќе може да пријави неправилности

НЕГОТИНЕЦ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ: Украл автомобил и го возел пијан

ФИЛИПЧЕ: Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра

ГАШИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Нашата должност е заеднички да градиме мостови на разбирање

СЕМЕЈСТВОТО Е МНОГУ БЛАГОДАРНО: Директорката на болницата од Италија дојде во Штип да го види пациентот

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Најискрено се надевам дека Велигден ќе ни донесе утеха, добра мисла и оптимизам

МИЦКОСКИ: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество
