ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

Објавено во: Балкан 05 Октомври, 2024 16:23
Црвениот крст на Република Северна Македонија ги мобилизира
своите ресурси и отвори телефонски број за донации, за да им се помогне на настраданите во поплавите кои
ја погодија Босна и Херцеговина. Секој граѓанин може да донира 100 денари со
еден повик на бројот 143-400, достапен за корисниците на Македонски Телеком и
А1. Оваа акција е само дел од напорите за ублажување на страдањата предизвикани
од катастрофалните поплави што однесоа човечки животи и предизвикаа огромни
материјални штети.
Дополнително, за настраданите во поплавите може да се донира и на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка, со назнака: помош за настрадано население од поплавите во БиХ.
За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Поплавите кои ја зафатија Босна и Херцеговина резултираа со загуба на 24 човечки животи, а бројот на исчезнати сè уште не е познат. Над 20 домови се целосно уништени, а стотици семејства се соочуваат со големи ризици за своето здравје и безбедност. Црвениот крст на Босна и Херцеговина ги активира сите свои ресурси за помош, но поради големината на катастрофата, дополнителната поддршка е повеќе од неопходна.
Црвениот крст на Северна Македонија веднаш стапи во контакт со своите колеги од Босна и Херцеговина и веќе издвоил 10.000 евра од своите резерви како прва финансиска поддршка за погоденото население. Дополнително, понудена е помош во материјални и технички ресурси, како и човечки кадар за справување со последиците од поплавите.
фото: EPA-EFE/NIDAL SALJICМожеби ќе ве интересира
НАЈПОПУЛАРНОТО ОДМОРАЛИШТЕ ОД ЈУГОСЛАВИЈА СЕ РЕКОНСТРУИРА: 30 години беше заборавено, сега се враќа во живот

(ВИДЕО) КОСОВО: Полицијата упадна во спортската сала во Косовска Митровица

КОШТА ЗА АЛБАНИЈА: Ако продолжи со овие резултати, можно е да биде член пред 2030 година

(ВИДЕО) СОВЕТНИЧКА Е СО СКРШЕНА РАКА: Teпачка на седница на совет во Краљево

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ТУРЦИЈА ЗА ВРЕМЕ НА СРЕДБАТА ЗЕЛЕНСКИ-ЕРДОГАН: Во близина на Анкара со магнитуда од 5,0 степени

НАЈБОГАТИОТ БУГАРИН ИМА БОГАТСТВО ОД 4,2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, ИМА СВЕТСКА БИЗНИС ИМПЕРИЈА: „Хувефарма е меѓу 10-те најуспешни светски компании“

(ВИДЕО) АНА БРНАБИЌ ЗБОРУВА НА АНГЛИСКИ: Граѓаните се пошегуваа на нејзина сметка

БРИТАНИЈА ДА ГИ ПРЕИСПИТА ОДНОСИТЕ СО СРБИЈА: Пратеничка ги мобилизираше колегите и бара реакција откако Вучиќ беше во Москва
