19 Декември, 2025
0.2031

КИФ ИМА ЕДНА ЦЕЛ – СОЗДАВАЊЕ ЗАЕДНИЧКИ РЕГИОНАЛЕН ПАЗАР

ЕДЕН РЕГИОН – ЕДНА ЕКОНОМИЈА

Објавено во: Економија 22 Март, 2021 07:08

Добивај вести на Viber

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

Многупати од 2015 година досега сум пишувал за Коморскиот инвестициски форум – дека тоа е асоцијација на шесте комори на Западен Балкан, дека настанал во рамките на Берлинскиот процес како дипломатска иницијатива на канцеларката Ангела Меркел и дека претставува 350.000 компании во регионот, но никогаш досега на едно место не сум елаборирал зошто е тој толку значајна институција. Ќе се обидам да го направам тоа во 5 точки.

1.  Во примената на Aкцискиот план за Заеднички регионален пазар КИФ е признат како клучен актер за две работи:

  а) обезбедување континуиран дијалог со деловната заедница за нејзините

  клучни потреби, пречки и можности и

  б) обезбедување клучни информации од реалниот сектор (компаниите) дали

  овој план се остварува.

2.  Клучна улога за остварување на оваа цел има Бизнис-советот, кој го сочинуваат претставници на 16-те водечки компании од Западен Балкан. Бизнис-советот, врз основа на мерливи критериуми, го следи напредокот во спроведувањето на конечната цел – создавање заеднички регионален пазар – и за тоа редовно ги информира владите на земјите од Западен Балкан, како и ЕУ, што значи дека за првпат оцена за примената ќе даваат компаниите, а не форумите.

3.  КИФ, со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), ја основа регионалната инвестициска платформа, го издава билтенот „Сигнал“ и работи на формирање заеднички институции, како на пример арбитражен центар, кредитни бироа и давање консултантски услуги за компаниите кои работат прекугранично.

4.  Проектот „ЕУ поддршка за КИФ“, кој е поддржан со 2,5 милиони евра од ЕУ, ќе придонесе до 2022 година БДП од глава на жител во регионот да порасне од една третина од просекот на ЕУ до 40 %; увозот и извозот да пораснат на 57 %, а меѓусебната размена во рамките на регионот од 4,5 милијади да се зголеми на 6,6 милијарди евра. 

5.  Преку проектот за дуално образование и за учење преку работа, финансиран од Германската инвестициска бакна (KFW), ќе се зајакне важноста на пазарот на трудот со развивање на Регионалниот фонд на предизвици.

Стопанската комора на Северна Македонија е основач на оваа значајна институција и има активна улога во сиот процес, а од 1 април главен оперативец на сите овие активности ќе биде нашата соработничка д-р Татјана Штерјова-Душковска (34), досегашен национален координатор за активностите на КИФ.

Господата Живко Мукаетов и Светозар Јаневски се членови на Бизнис-советот, како дел од 16-те избрани водечки стопанственици, ја имаат улогата на контролори на сиот процес и за тоа редовно ќе ги известуваат ЕУ и владите на земјите од Западен Балкан. 

                         Живко Мукаетов, Бранко Азески и Марко Чадеж

Мислам дека на краток и на концизен начин успеав да ја доловам суштината, која може да се сведе во еден слоган – „ЕДЕН РЕГИОН – ЕДНА ЕКОНОМИЈА“

П.С. За целото да има сè, ќе набројам и дел од другите членови на Бизнис-советот: Самир Мане, „Балфин Груп“ (BALFIN Group); Васил Наци, „Агна Груп“; Шчечим Деволи, „Деволи Корпорејшн“; Драган Бокан, „Воли Корпорејшн“; Небојша Шапоњиќ, „Нелт Груп“ и Станко Поповиќ, „Еликсир Груп“. 




Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра