17 Декември, 2025
0.0604

Еди Рама: Нашиот проект е Голема Европа, а не Голема Албанија

Објавено во: Балкан 22 Октомври, 2014 13:25

Добивај вести на Viber

Албанскиот премиер Еди Рама вели дека одлагањето на неговата посета на Белград за 10 ноември не значи и целосно откажување, туку е резултат на усогласување со неговиот српски колега Александар Вучиќ. Во интервју за Фракфуртер Алгемајне Цајтунг, Рама потврдува дека проблеми на Балканот и натаму постојат, но додава дека токму затоа тие треба да се решаваат. „Сигурно дека има тешкотии, ама и добра волја тие да се надминат. Она што се случи на фудбалскиот натпревар во Белград покажа колку е лабилен мирот во нашиот регион и колку е лесно да се вратиме на старите навики. Сто години по почетокот на Првата светска војна, ние на Балканот за првпат во нашата заедничка историја доживуваме да нема сериозни конфликти, а тоа е многу поважно од судирите на еден фудбалски натпревар“, вели Рама во интервју за угледниот германски весник. Тој нагласува дека „Голема Албанија“ не е проект на Владата во Тирана. „Голема Албанија не е наш проект, како што не е ниту парчето ткаенина со албански симболи, со нашето знаме или знамето на која било друга Албанија кое леташе над белградскиот стадион, а кое наводно ние сме го планирале“, порача Рама, нагласувајќи дека Тирана всушност се залага за „голема Европа“. Според неговата оценка, т.н. „Голема Албанија“ е всушност само „мит што го одржуваат оние кои сакааат тој мит да го користат против Албанците“. „Албанците во Албанија, Косово, Македонија, Србија Црна Гора, Грција никогаш не биле проблем за другите, туку напротив, секогаш само настојувале другите да не бидат проблем за нив, да не ги протеруваат, маргинализираат и дискриминираат по етничка основа“, вели албанскиот премиер. Албанскиот премиер Рама ги бара клучевите не Белград и сака митинг во Прешево!

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни